Автор: K.

Понекогаш границата меѓу искреното пријателство и романтичните чувства е речиси незабележлива. Она што започнува како секојдневно дружење може постепено да прерасне во подлабока емотивна поврзаност, а првите знаци често се појавуваат многу пред некој да ги изговори своите чувства. Повеќе време и поголемо внимание Еден од првите сигнали е кога некој почнува да ве става на прво место. Наместо дружења во поголеми групи, сè почесто предлага средби само со вас, го менува распоредот или ги откажува другите планови за да поминете време заедно. Ако комуникацијата станува секојдневна, можно е односот да добива поинаква димензија. Љубомората открива повеќе отколку што мислите…

Прочитај Повеќе

Кога времето е ограничено, а сепак сакате вкусен и хранлив оброк, салатата со кускус, свеж зеленчук и фета сирење е одличен избор. Се подготвува брзо, не бара многу состојки, а најдобро од сè е што за кускусот не е потребно долго готвење. Подготовката е едноставна – кускусот само се прелива со врела течност и се остава околу 10 минути да ја впие. На овој начин нема потреба од долго стоење покрај шпорет или вклучување на рерната. За уште побогат вкус, водата може да се измеша со зеленчуков бујон, а дополнителен ароматичен слој дава зеленото песто. Бидејќи овие состојки веќе имаат…

Прочитај Повеќе

Телевизискиот новинар и принц Едвард Рукиди Њабонго е избран за нов крал на традиционалното кралство Торо во Уганда, по смртта на досегашниот монарх Ојо Њимба, кој почина минатиот месец на 34-годишна возраст. Њабонго, кој со години работел како водител и уредник во државната „Уганда Бродкастинг Корпорејшн“, не важел за главен фаворит за престолот. Сепак, старешините од кралскиот клан Бабиито го избрале меѓу принцовите кои ги исполнувале условите за наследување. По изборот, новиот монарх поминал низ традиционални ритуали и во текот на ноќта влегол во кралската палата, пред официјалното претставување пред народот во Форт Портал. Неговото поставување на престолот, сепак, предизвика…

Прочитај Повеќе

Општина Аеродром продолжува со активностите за подобрување на јавниот простор и создавање поуредна и попријатна средина за жителите. Во повеќе населби во општината се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а дел од постојните бетонски клупи се обновуваат со нови дрвени седишта, со што се подобрува нивната функционалност и изглед. Од локалната самоуправа информираат дека паралелно продолжуваат и работите на обновување и уредување на детските и спортските игралишта. „Интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење“, посочуваат од Општина Аеродром. Од Општината…

Прочитај Повеќе

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со надлежните институции, спроведоа вонредна контрола на дивите продавачи на земјоделски производи поставени долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје. Акцијата била реализирана во раните утрински часови на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар, а во неа учествувале и комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи. Од АХВ информираат дека биле отстранети сите диво поставени тезги, од кои најголем дел биле наменети за продажба на овошје и зеленчук. При контролата биле одземени околу 500 килограми храна, претежно земјоделски…

Прочитај Повеќе

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, учествуваше на јавно-приватен дијалог кој ги собра претставниците на локалните институции, бизнис-секторот и младите од општината, со цел отворање на теми поврзани со подобрување на деловното опкружување и јакнење на антикорупциските механизми. Настанот беше организиран во рамки на проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата „Конрад Аденауер“, во соработка со Европската Унија. Во фокусот на дискусијата биле предизвиците со кои се соочуваат компаниите на локално ниво, особено во делот на транспарентноста, јавните набавки и административните процедури. Учесниците размениле искуства и предлози кои…

Прочитај Повеќе

Шест големи хидроелектрани во земјава ќе бидат модернизирани со инвестиција од околу 46 милиони евра, со цел продолжување на нивниот работен век, зголемување на производството и поголема сигурност на електроенергетскиот систем. Проектот опфаќа реконструкција и модернизација на хидроелектраните „Вруток“, „Врбен“, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“ и „Глобочица“, кои се дел од трите хидроенергетски системи – „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“. Средствата се обезбедени преку заем од германската развојна банка КФВ и грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Од вкупната вредност, 35 милиони евра се обезбедени како заем од КФВ, додека околу 10,7 милиони евра се неповратни средства од…

Прочитај Повеќе

САД официјално ја активираа забраната за увоз на одредена канадска стока во вредност од околу една милијарда долари, откако претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која стапува во сила новата трговска мерка. Со забраната се опфатени повеќе категории производи, меѓу кои алкохолни пијалаци, млечни производи и моторни возила. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека одлуката е донесена како одговор на, според него, дискриминаторските трговски политики на Канада кон американскиот извоз. Иако вредноста на стоката опфатена со мерката е мала во споредба со вкупната годишна трговска размена меѓу двете држави, која достигнува околу 880 милијарди долари, потегот претставува ново…

Прочитај Повеќе

Приватна клиника во Солун се соочува со трајно затворање и одземање на дозволата за работа, откако Националната управа за транспарентност на Грција (ЕАД) утврдила низа сериозни неправилности во нејзиното функционирање. По спроведената контрола, инспекторите утврдиле дека во клиниката работело онколошко одделение без соодветна законска дозвола, а во него се вршеле хемотерапии иако таква дејност не била наведена во официјалната дозвола за работа. Според извештајот на ЕАД, одделението било опремено со потребната медицинска опрема, а неговото постоење било промовирано и преку официјалната веб-страница на клиниката. Во него работел само еден лекар – пулмолог со специјализација во пулмонална онкологија, кој немал договор…

Прочитај Повеќе

Шеесетгодишен жител на Кочани е приведен под сомнение дека со употреба на сила му одзел пари на 54-годишен сограѓанин веднаш откако тој ги подигнал од банкомат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:15 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани го лишиле од слобода М.Ѓ. (60) од Кочани. Претходно, 54-годишниот Д.М. од Кочани подигнал пари од банкомат кој се наоѓал во близина на автобуската станица во градот. По тоа, осомничениот, според пријавеното, му ги одзел парите со употреба на сила. За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот,…

Прочитај Повеќе