Иако интимните односи најчесто минуваат без проблеми, во ретки случаи можат да доведат до необични здравствени компликации кои привлекуваат внимание низ целиот свет. Од привремено губење на слухот до оштетување на видот, медицината бележи случаи кои звучат неверојатно, но завршиле во медицинските досиеја и светските медиуми.
Еден од најпознатите случаи е оној на млада жена од кинеската провинција Гуангдунг, која во 2008 година привремено го изгубила слухот по страстен бакнеж. Според тогашните извештаи, промената на притисокот довела до повреда на увото, по што таа завршила во болница. Лекарите очекувале целосно закрепнување.
Необичен случај беше споделен и во американската телевизиска емисија „Sex Sent Me to the ER“, каде жена раскажала дека по интимен однос доживеала продолжена физиолошка реакција која траела околу три часа. Бидејќи состојбата не престанувала, побарала медицинска помош.
Лекарите во Нов Зеланд, пак, пријавиле редок случај на мозочен удар поврзан со таканаречен „љубовен залак“. Според нивните наоди, повреда на каротидната артерија во пределот на вратот можела да доведе до создавање тромб, што резултирало со мозочен удар.
Во уште еден необичен медицински случај, жител на британски Саутемптон побарал лекарска помош поради ненадејни проблеми со видот на едното око. Испитувањата покажале дека дошло до пукање на ситни крвни садови, што лекарите го поврзале со нагло зголемување на крвниот притисок.
Иако ваквите случаи се исклучително ретки, тие покажуваат дека понекогаш и неочекувани ситуации можат да доведат до здравствени компликации кои бараат медицинска интервенција.
