Македонската економија во вториот квартал од годинава остварила реален раст од 4,3 проценти, додека градежниот сектор бележи раст од 21,9 проценти, изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на партискиот митинг во Брвеница. Тој порача дека позитивните економски показатели треба во наредниот период да се претворат во конкретни придобивки за граѓаните. „Растот мора да продолжи и резултатите повеќе да се чувствуваат – во повисоки плати во периодот што следи, во повеќе добро платени работни места, училишта, патишта, водоводи, канализации, здравствени установи и јавни услуги што функционираат“, рече Мицкоски. Премиерот посочи дека продолжува растот на бруто-инвестициите, нагласувајќи дека главните економски…
Автор: K.
Русија воведе привремени ограничувања на воздушниот простор над воениот полигон Капустин Јар во Астраханската област, што, според украинското специјализирано издание „Дифенс експрес“, може да укажува на подготовка за нови ракетни тестирања. Ограничувањата ќе важат од 28 септември до 3 октомври, секој ден во периодот од 9 до 19 часот. Вакви мерки вообичаено се воведуваат поради безбедносни причини за време на лансирања или други активности поврзани со ракетни системи. Украинскиот медиум наведува дека, поради локацијата на ограничувањата, постојат шпекулации оти Русија би можела да тестира балистички ракети или ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, кој може да носи и нуклеарна боева…
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во југоисточните делови од земјата ќе има услови за појава на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој на повеќе места ќе придонесе за посвежо чувство во текот на денот. Утринските температури ќе се движат од 1 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 19 до 26 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне околу 25 степени. Според прогнозите, до…
Во населбата Скопје Север започна реконструкцијата на улицата „Костурска“, проект што опфаќа и уредување на два големи паркинг-простори, изградба на пристапни патеки и нов тротоар за побезбедно движење на пешаците. Од Општина Бутел информираат дека станува збор за инвестиција вредна повеќе од 65 милиони денари, со која значително ќе се подобри сообраќајната и комуналната инфраструктура во овој дел од општината. Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека проектот е резултат на барањата на жителите на Скопје Север и најави продолжување на инфраструктурните зафати во населбата. „Вложуваме над 65.000.000 денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север. Она што беше…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсети земјоделците дека 30 септември е последниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Барањата се поднесуваат електронски преку системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделските стопанства можат самостојно да аплицираат или да побараат стручна помош во подрачните единици на Министерството. За полесно користење на електронскиот систем, подготвен е и Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година. Во него се содржани сите информации за мерките, условите, висината на финансиската поддршка, потребната документација, како и постапката за…
Никола Јокиќ останува дел од Денвер нагетс, но потпишувањето на новиот договор ќе го одложи за следното лето, кога би можел да стане сопственик на највредниот договор во историјата на НБА. Според американските медиуми, српскиот кошаркар донел одлука да не ја искористи можноста за продолжување на соработката ова лето, бидејќи со чекањето ќе може да заработи значително повеќе. Се проценува дека разликата изнесува околу 80 милиони долари во споредба со договорот што би можел да го потпише во моментов. Новинарот Кевин О’Конор објави дека се очекува Јокиќ во текот на следното лето да потпише нов петгодишен договор вреден околу 360…
Иран е подготвен да одговори на секоја евентуална агресија, но истовремено останува отворен за дипломатско решение на кризата со Соединетите Американски Држави, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во интервју за Ен-би-си, Арагчи порача дека Техеран нема да се повлече доколку дојде до ескалација на конфликтот, дури и ако, како што рече, тој прерасне во „војна до судниот ден“. Тој откри и детали од иранскиот предлог за седумдневен план за деескалација и повторно отворање на Ормускиот Теснец. Според предлогот, Иран бара укинување на американската поморска блокада на неговите пристаништа, олеснување на санкциите за извоз на нафта и ослободување…
Со доаѓањето на постудените денови, многу домаќинства се соочуваат со дилемата дали за догревање да користат електрична греалка или клима уред во режим на греење. Иако двата уреди користат електрична енергија, начинот на кој ја создаваат топлината е различен, а тоа директно влијае врз потрошувачката. Електричната греалка функционира така што целата потрошена струја ја претвора во топлина. Кај клима уредите ситуацијата е поинаква – тие работат како топлински пумпи, односно со помош на електрична енергија ја пренесуваат топлината од надворешниот воздух во просторијата. Токму поради овој принцип на работа, климата во услови кога температурите не се премногу ниски може да…
Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Трајко Бојковски, на денешното рочиште во Основниот суд во Куманово призна дека е сторител на три од четирите убиства кои му се ставаат на товар. На судењето како вешто лице сведочеше проф. д-р Стојан Бајрактаров, специјалист по психијатрија и форензичка психијатрија, кој го изготвил стручниот наод за психичката состојба на обвинетиот. Според неговото сведочење, кај Бојковски биле утврдени ограничени интелектуални способности, кои се на границата меѓу лесна интелектуална попреченост и нормално интелектуално функционирање. Бајрактаров посочил дека обвинетиот бил способен да даде одредени описи за настаните, а како пример го навел случајот кога Бојковски избегал…
Возач на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Струмица – Радовиш. Несреќата се случила околу 12:40 часот, на делницата меѓу селата Василево и Владевци, кога товарното возило излетало од коловозот. Информацијата за трагичниот настан ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, за РадиоСтрумицаНет. Поради сообраќајката, патниот правец Струмица – Радовиш е во целосен прекин, а полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. По завршувањето на увидот се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои се случила трагедијата.