Две девојчиња се повредени во налет на силен ветер утрово на подрачјето на Битола кој искршил стакло од излог на јавна институција во центарот на градот, а пожар е регистриран во населбата Лавци, каде интервенираше екипа на Територијалната против пожарна единица.
Од силниот ветер срушени се повеќе дрва низ градот и околината, потврдија работници на ЈП „Комуналец“ Битола кои се на терен, а во Нова Битола скршено дрво предизвика материјална штета врз автомобил.
Локацијата заради поголема безбедност на населението ја обезбедува сообраќајна полиција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
