Четиригодишно девојче од скопското село Средно Коњари завршило во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен вчера во 21:55 часот во СВР Скопје, откако од клиничкиот комплекс било известено дека кај нив е донесено детето со сериозни повреди.
Според првичните информации, девојчето се повредило два дена претходно, при пад од скали во семејната куќа во Средно Коњари.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
