Автор: K.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, претстави пакет мерки насочени кон спречување на антисемитизмот и зголемување на безбедноста на еврејската заедница во најголемиот американски град. Планот предвидува дополнителни средства за заштита на синагогите, пошироки едукативни кампањи за подигање на свеста кај јавноста, како и поддршка за значајни еврејски културни и верски институции. Мамдани преку објава на платформата Х порача дека неговата администрација ќе работи еврејските жители на Њујорк да се чувствуваат безбедно и почитувано, нагласувајќи дека заштитата на нивната заедница, историја и иднина е приоритет. Тој посочи дека Евреите претставуваат околу 12 проценти од населението во Њујорк, но дека повеќе од…

Прочитај Повеќе

Договорот за пријателство и соработка меѓу Шпанија и Франција не доби поддршка во шпанскиот Сенат, откако опозициското мнозинство во горниот дом на парламентот гласаше против неговата ратификација. Против договорот гласаа 142 сенатори од десничарската Народна партија и ултрадесничарската Вокс, додека 106 сенатори, главно од владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез, ја поддржаа ратификацијата. Гласањето се одржа во моментите кога францускиот претседател Емануел Макрон престојуваше во Мадрид, каде што беше пречекан од шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција на свечена вечера. Договорот беше потпишан во Барселона во јануари 2023 година од Макрон и Санчез, а потоа беше…

Прочитај Повеќе

По повеќегодишна реконструкција, студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда повторно ќе биде ставен во функција и ќе ги прими студентите во новата академска 2026/2027 година. На свеченото пуштање во употреба на реконструираниот објект ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска. Од Министерството за образование и наука претходно најавија дека студентите ќе можат да се вселат во обновениот дом од почетокот на октомври, кога ќе започне неговото редовно функционирање. Реконструкцијата е реализирана во рамки на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови. Во првата фаза, покрај „Стив Наумов“, опфатен е и…

Прочитај Повеќе

Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија – светителки кои се меѓу најпочитуваните во православната традиција и симбол на цврстата вера, надежта и љубовта кон Бога. Според црковното предание, Софија била побожна христијанка и вдовица која своите три ќерки ги воспитувала во духот на христијанската вера. Нивните имиња – Вера, Надеж и Љубов – ги претставуваат трите најголеми христијански добродетели, додека името Софија значи мудрост. За време на владеењето на римскиот император Адријан, познат по прогоните на христијаните, мајката и трите девојчиња биле повикани да се…

Прочитај Повеќе

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и уште неколку лица. На денешното рочиште се очекува Јавното обвинителство да продолжи со изведување на материјалните докази, откако на претходната расправа беше презентирана обемна документација поврзана со основањето на заедничко друштво со странски партнер, владините одлуки и финансиските трансакции за набавката на видеолотариски терминали (ВЛТ). Меѓу доказите што веќе беа презентирани се Програмата за работа на АД „Државна лотарија“ за 2023 година, договор за дело, проценка за вредноста и исплатливоста…

Прочитај Повеќе

Денеска низ земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во североисточните делови повремено ќе биде и засилен, претежно од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 19 и 26 степени. Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 9 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени. Според прогнозата, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе преовладува релативно…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша документ за вештачката интелигенција заедно со директорите на најголемите светски технолошки компании, оценувајќи го како „морално обврзувачки“ документ што треба да постави основни принципи за развојот на оваа технологија. По средбата во Белата куќа, Трамп изјави дека документот претставува своевиден „устав“ за вештачката интелигенција и најави дека администрацијата разгледува можност за формирање комисија која ќе го следи развојот и примената на ВИ. „Размислуваме за формирање комисија со десетина членови која ќе ја надгледува целата област“, изјави Трамп, без да соопшти дополнителни детали за нејзиниот состав и надлежности. Иницијативата доаѓа во период кога владите ширум светот…

Прочитај Повеќе

Фудбалската репрезентација на Шпанија со убедливи 4:1 ја победи Хрватска во еден од најинтересните натпревари од второто коло во Лигата на нации. Европскиот шампион одлично го започна дуелот и уште во 2. минута стигна до водство преку Ламин Јамал. Хрватите успеаја да одговорат во 28. минута. Дион Бељо со удар со глава го совлада домашниот голман по одличниот центаршут на Иван Перишиќ и израмни на 1:1. Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Само три минути подоцна Марк Пубиљ ја врати предноста на Шпанија, повторно со погодок со глава по нафрлување на Јамал. До крајот на првото полувреме „црвената фурија“ ја…

Прочитај Повеќе

Фудбалската репрезентација на Македонија остана без бодови по првите две кола во Лигата на нации, откако загуби со 2:0 на гостувањето против Словенија. По поразот од Швајцарија во првото коло, националниот тим повторно не успеа да постигне гол, па негативната серија во нападот продолжува. Македонија на овој натпревар настапи со значително изменет состав, откако селекторот Гоце Седлоски направи осум промени во стартната постава. И покрај тоа, во првото полувреме репрезентацијата покажа добра организација и успеа да се спротивстави на фаворизираниот домаќин. Словенија подобро го започна натпреварот и уште во раната фаза ја погоди гредата преку Жан Випотник. Македонија брзо одговори,…

Прочитај Повеќе

Многу парови имаат стабилна врска, меѓусебна доверба и искрена љубов, но зад затворени врати се соочуваат со проблем за кој ретко зборуваат – недостиг на сексуална хемија. Иако партнерот може да биде внимателен, лојален и подготвен секогаш да биде поддршка, тоа не секогаш значи дека интимниот живот ќе биде исполнет. Сексуалната компатибилност не зависи само од искуството или техниката. Таа вклучува физичка привлечност, емоционална поврзаност, спонтаност и начинот на кој двајцата партнери ја доживуваат блискоста. Затоа, неусогласеноста во интимниот живот не мора да значи дека некој е „лош партнер“, туку дека двајцата имаат различни потреби и очекувања. Особено тешко е…

Прочитај Повеќе