едералната администрација за воздухопловство (ФАА) нареди привремено приземјување на сите летови низ Соединетите Американски Држави поради проблеми со комуникацијата во регионалните центри за контрола на воздушниот сообраќај.
Во соопштението на ФАА се наведува дека забраната за полетување е воведена поради вонредни околности и од безбедносни причини, додека надлежните служби работат на отстранување на дефектот.
Американскиот министер за транспорт, Шон Дафи, изјави дека е регистриран проблем со комуникациските системи кои ги поврзуваат регионалните центри задолжени за насочување на авионите меѓу аеродромите низ земјата.
Тој посочи дека техничките екипи на ФАА веќе работат на утврдување на причините и на нормализирање на системот.
Ова е прво национално приземјување на воздушниот сообраќај во САД од јануари 2023 година, кога дефект во клучен компјутерски систем на ФАА предизвика масовни нарушувања во авионскиот сообраќај.
Пред тоа, последен пат ваква мерка беше воведена по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година.
