Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на турнирот во Пекинг, совладувајќи го Португалецот Нуно Боржеш со 2:0 во сетови (6:3, 7:6(2)). За српскиот тенисер ова е прва победа по настапот на Вимблдон. Со овој триумф, Ѓоковиќ ја продолжи својата неверојатна серија во кинеската престолнина, каде што останува непоразен со максимален учинок од 30 победи во исто толку натпревари. Воедно, ова беше негов прв настап во Пекинг по пауза од 11 години. Србинот одлично го отвори натпреварот, веднаш направи брејк и поведе со 3:0 во првиот сет. Иако Боржеш се закани во седмиот гем и стигна до две брејк-топки, Ѓоковиќ со…
Автор: K.
Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за организиран и сериозен криминал, денеска спроведува координирана полициска акција на територијата на повеќе градови во државата. Акцијата се реализира под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и е насочена кон откривање и сузбивање на кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од МВР засега не откриваат повеќе детали за активностите што се спроведуваат на терен. Повеќе информации за преземените мерки, евентуалните приведувања и резултатите од акцијата, Министерството најави дека ќе соопшти по нејзиното целосно…
Основниот кривичен суд Скопје изрече затворски казни за службеничка од Министерството за внатрешни работи и двајца обвинети возачи, откако тие ја признаа вината во случајот со незаконско внесување и издавање фалсификувани возачки дозволи. На службеничката, која работела како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи во Скопје, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Двајцата обвинети возачи добија по една година и три месеци затвор, а Судот им ја продолжи мерката притвор на сите тројца. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје, во периодот од септември 2020 до август 2026 година службеничката ги…
Основниот кривичен суд Скопје се соочува со сериозен недостиг на судии, судски службеници и поротници, но и покрај кадровските предизвици, бележи значително намалување на бројот на старите предмети и на застарените кривични постапки. Ова беше соопштено на денешниот брифинг со новинарите во Судот. Во моментов во Кривичниот суд постапуваат 53 судии, при што осуммина се постари од 59 години, а петмина имаат над 64 години. Од Судот предупредуваат дека во следните три години дел од нив ќе заминат во пензија, а не се очекува брзо пополнување на испразнетите места поради недостиг на нови генерации од Академијата за судии и јавни…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе побара разрешување на директорот и на членовите на Управниот одбор на Историскиот музеј во Крушево, по реакциите во јавноста за снимањето на комерцијален музички спот во споменичкиот комплекс „Македониум“. Според информациите, просторот на споменикот, кој е еден од најзначајните симболи на Илинденското востание и местото каде што почива Никола Карев, бил искористен како локација за снимање на рап-видео запис, за што установата наводно наплатила околу 500 евра. Мицкоски оцени дека станува збор за недозволив пропуст и упати извинување до граѓаните. „Навистина, тоа што таму се случило претставува нешто што не требало да се случи.…
Грејната сезона 2026/2027 официјално ќе започне на 15 октомври 2026 година и ќе трае до 15 април 2027 година, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Сепак, системите за греење може да бидат активирани и пред официјалниот почеток на сезоната. Согласно правилата, греењето може да започне од 1 октомври, а да продолжи најдоцна до 30 април, доколку временската прогноза покаже дека просечната надворешна температура за следниот ден ќе биде 12 степени Целзиусови или пониска. Од РКЕ потсетуваат дека снабдувачите со топлинска енергија имаат обврска во грејните простории да обезбедат температура од 20…
Претседателот на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, Илијан Филипов, ноќеска бил убиен во Пловдив, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, трагедијата се случила додека Филипов се враќал дома по фудбалски натпревар. Тој бил застрелан, а според досегашните наоди, смртта настапила како последица на прострелна рана во главата. Бугарската полиција и обвинителството го потврдија случајот, но не откриваат дополнителни детали поради интересите на истрагата. На местото каде што се случил нападот продолжуваат процесуалните и истражните дејствија, а надлежните ги проверуваат сите можни верзии за убиството. Илијан Филипов беше познат и како успешен бизнисмен,…
Жителите на улицата „Лермонтова“ во скопската општина Центар денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради дефект на приклучна водоводна цевка. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот е предизвикан од дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Лермонтова“ број 16, поради што корисниците од оваа улица останале без вода. Водоснабдувањето е прекинато од 08:30 часот, а нормализирање на испораката се очекува по завршувањето на санацијата. Од претпријатието не соопштија во кој период се очекува дефектот да биде отстранет.
Британскиот премиер Енди Барнам оцени дека напуштањето на Европската Унија ѝ донело „повеќе штета отколку корист“ на Велика Британија и најави дека владата ќе разгледа повеќе можности за идните односи со Брисел. Во првиот говор на годишната конференција на Лабуристичката партија откако ја презеде премиерската функција, Барнам порача дека земјата не може да има јасна долгорочна стратегија без да донесе одлука за своето место во однос на ЕУ, која и понатаму ја опиша како најважен трговски партнер на Британија. – Постојат различни опции и ќе видиме дали можеме да постигнеме консензус за една од нив, која ќе ни даде јасност…
Германската управа за контрола на летање пушти во употреба нов систем за детекција на дронови на аеродромот Берлин Бранденбург (БЕР), со цел навремено откривање на потенцијални закани за воздушниот сообраќај. Системот е поставен за следење на зоните за полетување и слетување и треба да ги предупредува надлежните служби при појава на беспилотни летала во близина на аеродромот. Министерот за транспорт на Германија, Штефен Билгер, изјави дека државата сериозно ја сфаќа зголемената опасност од дронови околу аеродромските објекти и дека е неопходно брзо реагирање и опремување на меѓународните аеродроми со соодветна технологија. Воведувањето на системот следува по серијата забележувања на дронови…