Автор: K.

Една наставничка го загуби животот, а уште две лица се повредени во напад со нож што се случи во основно училиште во словачкото место Сташков. Според првичните информации, за нападот е осомничен ученик од осмо одделение. Жртва е 61-годишна наставничка, додека меѓу повредените е ученичка која се наоѓа во критична состојба. Повредена е и 44-годишна наставничка, која се здобила со убодна рана во пределот на градниот кош. По пријавата за нападот, на местото веднаш интервенирале полициски и медицински екипи. Во спасувачката акција биле вклучени две возила на итната медицинска помош и два хеликоптери. Тешко повредената ученичка со хеликоптер била пренесена…

Прочитај Повеќе

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координирана акција спроведена на 28 септември е разбиена организирана криминална група од Скопје, осомничена за кривични дела од областа на тероризмот и недозволената трговија со оружје. Акцијата ја реализирале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Врз основа на судски наредби биле извршени претреси кај шест лица на вкупно 12 локации во Скопје, при што биле приведени пет лица. При претресите биле пронајдени и…

Прочитај Повеќе

По повод Светскиот ден на срцето – 29 септември, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје организираа бесплатни превентивни прегледи во трговскиот центар „Дајмонд Мол“, со цел подигнување на свеста за превенција и рано откривање на кардиоваскуларните заболувања. Пунктот го посети министерот за здравство Сашо Клековски, кој нагласи дека кардиоваскуларните заболувања и натаму претставуваат една од водечките причини за смртност и дека навремените контроли можат да спасат живот. Годинашното одбележување се реализира под мотото „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“, со акцент на препознавање на скриените симптоми, едукација…

Прочитај Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните една до две недели ќе следуваат нови кадровски промени во вториот и третиот ешалон на власта, кои ќе ги опфатат позициите на заменици-министри и директори. Тој посочи дека веќе има јасна претстава за кадровските решенија, но дека тие најпрво треба да бидат усогласени со коалициските партнери. „Отприлика знам што, каде и како. Потребно е коалициски да потврдиме и тоа ќе се случи во наредната недела или две“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Најавените промени доаѓаат по јулската реконструкција на Владата, кога беа направени измени на повеќе министерски функции. Тогаш премиерот најави дека…

Прочитај Повеќе

Десетгодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Христо Татарчев“ и „Франк Харкорт Манинг“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила завчера околу 19:45 часот, кога патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 70-годишната М.Г. од Скопје, удрило во 10-годишното дете. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. За случајот е извршен увид, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила…

Прочитај Повеќе

Полицијата во три одделни случаи во Тетово и Гостиварско лишила од слобода тројца малолетници кои биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Возилата со кои управувале малолетниците се одземени, а по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Првиот случај е регистриран на 27 септември околу 18 часот во селото Камењане, каде полициски службеници запреле патничко возило „ланд ровер“ управувано од 16-годишен малолетник од селото. При контролата било утврдено дека возилото нема документација, а малолетникот управувал без возачка дозвола. Тој бил лишен од слобода во присуство на родител, а возилото било…

Прочитај Повеќе

Пукната топловодна цевка утрово предизвикала поплавување на првиот кат од административната зграда „Нова Македонија“ во Скопје, каде се сместени повеќе државни институции. Поради навлегувањето вода и ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини била исклучена електричната енергија во целиот објект. Поради тоа, во прекин се работата на лифтовите, компјутерските системи и серверите, што дополнително го отежнува функционирањето на институциите кои се наоѓаат во зградата. На терен се ангажирани технички екипи кои работат на отстранување на последиците од поплавата, испумпување на водата и санација на дефектот на топловодната инсталација. Според првичните проценки, постои можност објектот да остане без електрична енергија и…

Прочитај Повеќе

Владата работи на изнаоѓање решение со Бугарија кое ќе обезбеди предвидливост и сигурност во процесот на европска интеграција, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во телевизиско гостување, Муцунски посочи дека постои интерес од страна на европските институции, но и од одредени земји членки на Европската Унија, за поголем ангажман и создавање услови за продолжување на разговорите меѓу Скопје и Софија. „Нашите позиции се апсолутно јасни – во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој Бугарија се позиционира“, рече Муцунски. Тој нагласи дека дијалогот треба да продолжи, но дека за одредени прашања, како…

Прочитај Повеќе

Општина Центар заврши со целосна санација и реконструкција на платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“, со што е решен долгогодишниот проблем со протекување при врнежи. Од Општината информираат дека површината подолг период била оштетена, поради што водата навлегувала во спортската сала и училишните ходници, создавајќи проблеми за учениците и вработените. Во рамки на градежните работи биле отстранети сите стари слоеви до конструктивната површина, по што се поставени нова хидроизолација и термоизолација, нова кошулка и нова завршна облога со плочки. Дополнително, изработени се и решетки за одводнување на атмосферските води со цел да се спречи повторно навлегување на вода.…

Прочитај Повеќе

Британска туристка завршила во болница откако била касната од инвазивна риба-пуфер додека се капела во морето кај Каламаки на грчкиот остров Закинтос. Жената побарала медицинска помош во приватна клиника, каде што ѝ била укажана прва помош за повредата. Случајот е пријавен и се истражува од страна на надлежните служби, а според првичните информации, нападот го предизвикала риба-пуфер со сребрени образи, позната и како зајачка риба. Овој вид во последните години сè почесто се појавува во Средоземното Море, а експертите го поврзуваат неговото ширење со климатските промени и зголемувањето на температурата на водата. Грчкиот Црвен крст упати предупредување за опасностите од…

Прочитај Повеќе