Автор: Никола Тасев

Најмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во руски напад со балистички проектили и дронови врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според Државната служба за вонредни состојби, 14 лица загинале во Киевската област, додека во самиот главен град животот го загубило едно лице. Нападите предизвикале пожари и голема материјална штета во неколку градски општини и околните населени места. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека дел од повредените се во критична состојба, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по луѓе затрупани под урнатините. Проектил погодил и 20-катна станбена зграда, при што избувнал голем пожар, а оштетени се и повеќе магацини…

Прочитај Повеќе

Украина изведе, според досега познатите информации, прва борбена операција во која беспилотно летало транспортирало копнен борбен робот зад непријателските линии. Станува збор за нова тактика што комбинира повеќе беспилотни системи во една координирана операција. Голем транспортен дрон го пренел роботот ARK-1, кој потоа самостојно ја извршил својата борбена задача носејќи противтенковска мина наменета за уништување утврдени позиции и оклопни возила. Воените аналитичари оценуваат дека ова претставува нова фаза во развојот на современото беспилотно војување. Роботот може да се движи повеќе од 14 километри со товар до 15 килограми и е опремен со сателитска комуникација „Старлинк“, што овозможува управување од голема…

Прочитај Повеќе

На денешен ден во 1792 година – Роден е англискиот поет Перси Биш Шели, еден од најголемите лиричари во светската книжевност. Во своите дела ги застапувал идеите за слобода, еднаквост и општествена правда, а поемата „Кралицата Маб“ останува едно од неговите најпознати револуционерни дела. На овој датум во 1859 година – Роден е норвешкиот писател Кнут Хамсун, еден од најзначајните автори на 20 век. За романот „Плодовите на земјата“ ја добил Нобеловата награда за литература во 1920 година, а неговите дела „Глад“, „Пан“ и „Викторија“ се сметаат за класици на светската литература. Токму на овој ден во 1903 година –…

Прочитај Повеќе

Товарен брод бил погоден од непознат проектил во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO). Инцидентот се случил на околу 37 километри североисточно од оманскиот град Касаб, а засега нема информации за евентуални жртви или за обемот на штетата. Од UKMTO соопштија дека е во тек истрага за околностите под кои дошло до нападот. Ормускиот теснец останува една од најчувствителните светски поморски рути, а спорот околу пловидбата низ него е едно од главните жаришта во односите меѓу Иран и САД. Иран и понатаму инсистира бродовите да се движат по рутата што…

Прочитај Повеќе

Поморскиот сообраќај низ теснеците Баб ел-Мандеб и Ормуз и натаму се одвива со намален интензитет, покажуваат најновите податоци за пловидбата. Во понеделникот низ Баб ел-Мандеб поминале 20 бродови, исто колку и претходниот ден, од кои 12 танкери и осум товарни бродови. Во Ормускиот теснец, пак, регистрирани се само шест пловила, што укажува дека сообраќајот и понатаму е значително намален. Неизвесноста околу преговорите меѓу САД и Иран продолжува да влијае врз безбедноста на пловидбата, при што Техеран тврди дека во моментов не се водат официјални разговори со Вашингтон. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги одложил новите напади врз…

Прочитај Повеќе

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од своето постоење со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ и свечен концерт во црквата „Света Софија“. Монографијата, чии автори се Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски, е посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ, која на 4 август 1961 година го означи почетокот на фестивалот со својот солистички рецитал. Промоцијата ќе започне во 19 часот, токму на местото каде што започнала фестивалската традиција. Роденденската програма ќе продолжи со концерт на израелскиот машки сопран, односно контратенор, Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемек Виницки, со почеток во 21 часот. Лихт важи за…

Прочитај Повеќе

Македонија и денеска ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, со максимални температури кои на одделни места ќе достигнат до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево време со слаб променлив ветер и температура до 38 степени. Според прогнозата, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, а во некои делови од земјата температурата може да ја надмине границата од 40 степени. Од четврток се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно…

Прочитај Повеќе

Министерството за здравство соопшти дека во земјава нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според податоците од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за ова заболување. Надлежните институции посочуваат дека состојбата внимателно се следи во координација со сите релевантни служби. Министерството најави дека јавноста навремено ќе биде информирана доколку има нови информации поврзани со западнонилската треска. Граѓаните и понатаму се повикуваат да ги почитуваат препораките за заштита од комарци, особено во летниот период.

Прочитај Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Според последните информации, во моментов нема активни пожари на територијата на државата. Од вкупно регистрираните, 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела нискостеблеста шума и ниска вегетација. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен за да спречат повторно активирање на огнот. Од ЦУК апелираат до граѓаните да бидат внимателни при престој во природа, особено поради високите температури…

Прочитај Повеќе

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, омразата и песимизмот да станат национална идеологија. Од партијата ја обвинија опозицијата дека наместо со идеи и програми, шири дефетизам, лаги и политичка нестабилност. Според ВМРО-ДПМНЕ, целта е Македонија да стане економски посилна, праведна и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина. Во соопштението се наведува дека партијата нема да се откаже од заштитата на националните интереси и идентитетските прашања на евроинтегративниот пат. Од владејачката партија тврдат дека постојат политички структури кои се подготвени на нови отстапки за да дојдат на власт. ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да не подлегнуваат…

Прочитај Повеќе