Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во ноќниот руски напад со дронови и балистички проектили врз Киев и Киевската област. Според локалните власти, нападот најтешко го погодил округот Бровари, каде што се повредени уште три лица, меѓу кои има и едно дете, а оштетени се станбени објекти, автомобили и помошни згради.
Во Киев избувнале пожари во гаражи, деловни објекти и на индустриски локации, додека спасувачките екипи интервенирале на повеќе места. Украинските воздухопловни сили предупредија на нови бранови руски дронови и балистички проектили, а експлозии беа регистрирани и во Днипро.
Нападот следува само два дена по претходниот масовен руски удар врз Киев и околината, во кој загинаа 17 лица. Украинските власти предупредуваат дека руските воздушни напади стануваат сè поразорни поради недостигот од системи за противвоздушна одбрана и пресретнувачки ракети. Според Министерството за одбрана на Украина, во јули биле пресретнати само 29 од вкупно 195 балистички проектили лансирани од Русија, што дополнително ја зголемува ранливоста на цивилната инфраструктура.
Kyiv this night💔 pic.twitter.com/xvbXCuSYL8
— Angelica Shalagina🇺🇦 (@angelshalagina) August 8, 2026
