Учениците од СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје ги претставија своите иновативни идеи за одржливо земјоделство во рамките на националната дисеминација на меѓународниот проект „Зелени агропретприемачи“, финансиран преку програмата Еразмус+. Во проектот учествуваат осум партнери од Словенија, Македонија, Грција и Србија, а координатор е средното училиште „Грм Ново Место“ од Словенија. Целта е учениците преку практична работа, истражување и решавање реални проблеми да стекнат знаења за одржливо земјоделство и да развијат претприемнички вештини. Во скопското училиште биле формирани четири ученички тима, кои со поддршка од наставниците разработиле сопствени проектни идеи за подобрување на училишната економија. При изработката на проектите учениците ги…
Автор: Никола Тасев
Со концерт на Камерниот оркестар на Битола, вечерва ќе биде затворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе настапи во Офицерскиот дом, со виолинистот Емир Имеров од Германија како солист. Годинашното издание собра реномирани музички уметници од Македонија, Унгарија, Италија, Косово, Франција и Германија. Во рамките на фестивалската програма, Државното музичко училиште од Битола ја организираше традиционалната манифестација „Подиум на млади“, а Љубиша Кировски и францускиот пијанист Иг Леклер одржаа мастер-класови за учениците и наставниците. Посебен момент на фестивалот беше концертот на македонскиот тромбонист Кирил Рибарски, кој во битолскиот…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди Панама, предизвикувајќи оштетувања на згради, прекини во снабдувањето со електрична енергија и масовна евакуација на населението. Според Американскиот геолошки завод, епицентарот бил на длабочина од 12,6 километри, во слабо населено подрачје на околу 200 километри од главниот град Панама Сити. По главниот потрес биле регистрирани повеќе од 40 последователни земјотреси, што дополнително предизвикало страв кај населението. Илјадници граѓани ги напуштиле домовите и деловните објекти, додека надлежните служби започнале со процена на штетите. Во шест провинции биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, а оштетувања биле пријавени на повеќе објекти. Панамскиот…
Голем пожар избувна во стратешки руски нафтен терминал во Ростов на Дон по масовен напад со дронови, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор со Владимир Путин за увоз на милиони тони руски дизел. Според украинските и руските медиуми, погоден е извозниот терминал „Југ Руси“, кој има клучна улога во транспортот на нафтени деривати кон странските пазари. Објавените видеоснимки покажуваат огромни пламени јазици и густ црн чад над индустрискиот комплекс, а локалните жители сведочат дека пожарот траел со часови. Руските регионални власти потврдија дека избувнал пожар и дека дејствувала противвоздушната одбрана, но не ја потврдија директно штетата…
Иран соопшти дека го затворил Ормускиот Теснец и дека има целосна контрола врз овој стратешки поморски премин, но американската војска категорично ги демантираше ваквите тврдења. Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) објави дека САД и нивните регионални партнери ја контролираат пловидбата низ теснецот, оценувајќи ја изјавата на генерал од иранската Револуционерна гарда како неточна. Според американската војска, низ Ормускиот Теснец и натаму минуваат трговски бродови и танкери што превезуваат енергенти, вклучувајќи и 20 милиони барели сурова нафта. Овој поморски премин стана едно од главните жаришта на конфликтот меѓу САД и Иран по почетокот на војната кон крајот на февруари. Иранските закани и…
Најмалку 22 лица, меѓу кои пет деца, загинаа во руски ракетен напад врз петкатна станбена зграда во украинскиот град Прилуки, во Черниговската област. Нападот се случил на 7 октомври, на 74-тиот роденден на рускиот претседател Владимир Путин, а меѓу загинатите деца има и три едногодишни бебиња. Спасувачките екипи со часови ги пребарувале урнатините, додека семејствата очајно чекале информации за своите најблиски. Жителите раскажуваат дека слушнале неколку силни експлозии, по кои прозорците се распрснале, а делови од станбените згради биле целосно уништени. Четириесет и едногодишната Олга, која со семејството успеала да се засолни во ходникот од својот стан, вели дека не…
Сончево и релативно топло време со температури до 28 степени ќе преовладува денеска во Македонија, со мала до умерена локална облачност. Утрото ќе биде ведро и студено, со минимални температури од минус еден до седум степени, а услови за слаб дожд ќе има во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, поизразен долж Повардарието. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и температура до 27 степени, додека утринската ќе се спушти до четири степени. Од петок и во текот на викендот се очекува променливо облачно време со повремени, локално пообилни и поројни врнежи од дожд, а…
Еден од најголемите центри за обработка на податоци во Русија, во сопственост на технолошкиот гигант „Јандекс“, наводно бил погоден во ноќен напад со дрон во градот Сасово, во Рјазањската област. По нападот избувнал голем пожар во индустрискиот комплекс, а на социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот и густиот чад. Истражувачките групи „Ексиленова+“ и „Астра“ објавија дека погодената локација е дата-центарот „Јандекс ДЦ Сасово“, кој компанијата го опишува како свој најголем центар за обработка на податоци. „Јандекс клауд“ потврди дека се случил инцидент со електричното напојување во една од зоните на својата облачна инфраструктура, при што прекините започнале околу 1…
Светската здравствена организација побара дополнителни информации од Русија по мистериозната смрт на 28-годишната научничка Дарја Шипилова, вработена во институт за истражување на чумата во сибирскиот град Иркутск. Младата жена починала само два дена откако почувствувала симптоми слични на настинка, а во јавноста се појавија сомнежи дека можеби се заразила со белодробна чума при лабораториски инцидент. Руските власти ги отфрлаат ваквите тврдења и соопштија дека причината за смртта е воспаление на белите дробови со непознато потекло. Сепак, во институтот и во околните болници биле воведени строги карантински мерки, а дел од вработените три дена останале затворени во објектот додека траеле тестирањата.…
Нови видеоснимки откриваат како изгледале иранските напади врз големата американска воена база „Камп Буеринг“ во Кувајт, извршени на почетокот на војната со Иран пред седум месеци. Снимките, до кои ексклузивно дојде американската телевизија Си-Би-Ес, прикажуваат удари со балистички ракети и беспилотни летала, силни експлозии и оштетувања на објекти и воена опрема. Според сведоштвата на американски војници, во нападите учествувале и ирански борбени авиони Ф-5, кои летале на исклучително мала височина над базата. Автентичноста на снимките е потврдена преку анализа на метаподатоците и споредба со фотографии од оштетените објекти. Базата, која се наоѓа на околу 40 километри од границата со Ирак,…