Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Зголемен интензитет на возила е забележан на патните правци надвор од градските средини, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ клисурите, речните долини и котлините, каде што е можна појава на одрони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
