Македонија денеска ја очекува сончево, суво и топло време, со максимални дневни температури од 32 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а услови за врнежи не се очекуваат. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и температура до 34 степени. Според прогнозите, жештините ќе продолжат и во наредните денови, при што во главниот град температурата ќе се искачи и до 38 степени. Кон средината на следната недела се очекува благо намалување на температурите и мало освежување. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да внесуваат повеќе течности и да…
Автор: Никола Тасев
Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика кризен состанок на владата поради големите шумски пожари што се приближуваат до Бордо, додека нов топлотен бран дополнително ја влошува состојбата. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека огнената стихија се наоѓа на околу 15 километри од градот, но засега не се разгледува евакуација на урбаното подрачје со околу 850.000 жители. Од околните населени места веќе се евакуирани десетици илјади луѓе, а францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез оцени дека ситуацијата е „многу неповолна“ поради непредвидливото ширење на пожарот. Високите температури, кои во некои делови на Франција ќе достигнат и до 40…
Шеснаесетгодишно момче од селото Кондово починало откако во бессознание било донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, на момчето му се слошило додека било на гости кај роднини во селото Сингелиќ, по што паднало во бессознание. Лекарите се обиделе да го спасат, но по кратко време била констатирана смрт. Лекар констатирал дека нема видливи траги на насилство врз телото. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оддаде почит на жртвите и порача дека трагедијата од 26 јули 1963 година никогаш не смее да биде заборавена. Тој потсети дека во 5 часот и 17 минути, за само неколку секунди, биле изгубени повеќе од илјада човечки животи, а илјадници семејства останале без своите домови. Ѓорѓиевски истакна дека зад секоја бројка стои човечка судбина и дека споменот на жртвите е трајно вграден во историјата на Скопје. Според него, токму од големата трагедија се родила светската солидарност, благодарение на која градот повторно бил изграден. Тој…
Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море, при што, според Техеран, загинал еден член на екипажот, а друг бил повреден. Иранските власти го осудија нападот како чин на агресија и порачаа дека ќе ги заштитат своите национални интереси и безбедност. Според иранските државни медиуми, украински дипломат бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили извеле успешни далекуметни напади во Каспиското Море, вклучително и врз бродови за кои тврди дека превезувале воен товар поврзан со Иран. Засега нема независна потврда…
На денешен ден во 1963 година, точно во 5 часот и 17 минути, Скопје го погоди најразорниот земјотрес во неговата понова историја, катастрофа што за само дваесет секунди засекогаш го промени ликот на градот. Земјотресот со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала и интензитет од девет степени според Меркалиевата скала однесе 1.070 човечки животи, повреди околу 3.000 луѓе и остави повеќе од 200.000 жители без покрив над главата. Уништени беа над 15.800 станови, уште околу 28.000 беа сериозно оштетени, а речиси 80 проценти од градската структура претрпе огромни разурнувања, додека потресот беше почувствуван и во поголем дел од Македонија…
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по претежно суви коловози, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот е зголемен на патните правци надвор од градските средини поради летната сезона. На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу два часа поради зголемената фреквенција на возила. На Табановце, пак, за влез во Македонија времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се…
Украински беспилотни летала во текот на ноќта нападнаа повеќе логистички центри на руската компанија „Вајлдберис“ во Санкт Петербург, Твер и окупираниот Крим, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на руски извори. Според руските власти, нападите предизвикале пожари во неколку објекти, а во Новосаратовка, во близина на Санкт Петербург, биле повредени три лица. Компанијата потврди дека привремено е прекината работата во логистичките центри во Шушари и Уткин Завод, додека поради нападите биле одложени и околу 50 летови на аеродромот Пулково. Ова е петти напад врз објекти на „Вајлдберис“ во изминатата недела, а претходно пожари беа регистрирани и во магацини во Симферопол, Воронеж,…
Јеменските Хути соопштија дека извеле нови напади врз бродови во Црвеното Море и дека принудиле повеќе пловила да се вратат од теснецот Баб ел-Мандеб, дополнително зголемувајќи ги тензиите на Блискиот Исток. Овие случувања доаѓаат во време кога продолжуваат меѓусебните напади меѓу САД и Иран, а американската Централна команда соопшти дека веќе 13 ноќи по ред изведува воздушни напади врз ирански воени цели. Според CENTCOM, нападите се насочени кон воени командни центри, складишта за беспилотни летала, комуникациски мрежи и поморски капацитети со цел да се намали заканата за трговските бродови во Ормутскиот Теснец. Хутите, кои имаат поддршка од Иран, тврдат дека…
Јеменските Хути соопштија дека рано утринава извршиле ракетен напад врз два саудиски нафтени танкера во Црвеното Море. Според извештаи за поморска безбедност, танкерот „Encelia“ бил погоден од проектил и избувнал пожар, додека екипажот успеал да го стави огнот под контрола. Британската агенција UKMTO потврди дека примила пријава за напад врз танкер во истата област, но засега нема информации за жртви или загадување на морето. Хутите тврдат дека двата брода ја прекршиле поморската блокада што ја воведоа кон Саудиска Арабија и дека нападот бил изведен со балистички и крстосувачки ракети. Тие исто така соопштија дека предупредиле повеќе бродови да не пловат…