Автор: Никола Тасев

Во рамки на традиционалната Грчка вечер на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе настапат грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори. Концертот, кој се организира со поддршка на Амбасадата на Грција, ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Теодосија Нтоку е меѓународно афирмирана пијанистка, која критичарите ја издвојуваат по својата емотивна и впечатлива интерпретација. Масимо Полидори е водач на групата виолончела во миланската „Ла Скала“ и еден од најпознатите италијански виолончелисти. Публиката ќе има можност да ужива во дела од Рахманинов, Дворжак, Чајковски, Пјацола, Форе и Елгар. Организаторите очекуваат уште една незаборавна фестивалска вечер…

Прочитај Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре треба да престојува во прва официјална посета на Србија, објави „Киев Индипендент“, повикувајќи се на висок украински функционер. Посетата се оценува како дипломатски значаен чекор, имајќи предвид дека Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Белград се обидува да балансира меѓу врските со Москва и партнерството со западните земји. Русија останува еден од најважните дипломатски сојузници на Србија, а земјата во голема мера зависи и од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата година присуствуваше на Парадата на победата во Москва, но оваа година не беше дел…

Прочитај Повеќе

Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен под сомнение дека наредил уништување докази поврзани со исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година. Главната државна обвинителка Ернестина Годој соопшти дека против него се води постапка за попречување на правдата и присилно исчезнување. Според истрагата, студентите од училиштето Ајоцинепа биле киднапирани и убиени од припадници на организиран криминал во соработка со полицијата, додека патувале на протест во Мексико Сити. Досега се идентификувани посмртните останки на само тројца од нив, додека судбината на останатите сè уште не е разјаснета. Нови сведочења, меѓу кои и од заштитен сведок, укажуваат дека…

Прочитај Повеќе

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денеска во Џеда треба да потпишат клучен одбранбен договор насочен кон зајакнување на регионалната безбедност. Договорот ќе го официјализираат саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Според извори блиски до саудиската влада, договорот е забрзан поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран и растечките тензии во регионот. Војната влијаеше врз безбедноста на земјите од Персискиот Залив и врз пловидбата низ Ормутскиот Теснец и Црвеното Море. Пакистанската делегација веќе пристигна во Саудиска Арабија, а денеска се очекува и доаѓањето на турскиот претседател Ердоган. Аналитичарите оценуваат дека со…

Прочитај Повеќе

Стотици илјади жители на југозападниот дел на Јапонија добија наредба за евакуација поради приближувањето на тајфунот „Делфин“, кој носи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Властите наредија евакуација на околу 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, а повеќе од 500 летови се откажани. Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека постои опасност од ветрови со удари до 198 километри на час, кои можат да предизвикаат големи материјални штети. Се очекуваат и интензивни дождови што би можеле да предизвикаат поплави и свлечишта. Поради невремето, компанијата „Тојота“ привремено го запре производството во девет свои фабрики. Тајфунот веќе го зафати островот Кјушу, каде…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 38 степени. Попладне на повеќе места ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со температура до 37 степени. И во наредните денови продолжува топлотниот бран, при што во одделни делови од земјата температурите ќе достигнуваат и до 40 степени. Метеоролозите најавуваат дека и понатаму во попладневните часови ќе…

Прочитај Повеќе

Просечната оценка од годинашното полагање на матурата изнесува 3,66, соопштија министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска. Оваа година за првпат се полагаа три типа матурски испит – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Просечната оценка на државната матура е 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59. Јаневска оцени дека резултатите се објективни и речиси идентични со минатогодишниот просек од 3,69. За полагање во јунската испитна сесија биле пријавени 14.587 ученици, а на испитите не се појавиле 348 матуранти или 2,39 проценти. Државна матура полагале 12.184…

Прочитај Повеќе

Најмалку девет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири возила на магистралниот пат Прилеп–Битола, во близина на мостот кај Шемница. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола. Од болницата информираат дека едно лице е во потешка здравствена состојба и веднаш било пренесено во операциона сала. Шестмина повредени се задржани на лекување на Одделението за хирургија, додека тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Меѓу повредените има и државјанин на Србија. Основното јавно обвинителство соопшти дека обвинител извршил увид и издал наредби за утврдување на причините за несреќата.…

Прочитај Повеќе

На денешен ден во 1583 година – Англискиот морепловец Хамфри Гилберт ја основал првата англиска колонија во Северна Америка, во Сент Џонс, на островот Њуфаундленд. Овој настан се смета за почеток на англиската колонијална експанзија на северноамериканскиот континент. На овој датум во 1716 година – Австрискиот војсководец принц Еуген Савојски ѝ нанел тежок пораз на Османлиската Империја во битката кај Петроварадин. Победата претставувала една од најзначајните пресвртници во австро-османлиските војни и го отворила патот за натамошното напредување на австриската војска на Балканот. Токму на овој ден во 1850 година – Роден е францускиот писател Ги де Мопасан, еден од најголемите…

Прочитај Повеќе

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на Куманово поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Според Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени речиси 400 таблети со наркотична супстанца, како и други предмети поврзани со кривичното дело. Осомничениот бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство. Од МВР посочуваат дека во изминатиот период се спроведуваат засилени акции за сузбивање на нелегалната трговија со дрога…

Прочитај Повеќе