Автор: Никола Тасев

Полицијата при одделни акции во Скопје пронајде кокаин и марихуана, при што се уапсени четири лица, меѓу кои и 16-годишна малолетничка. Во Карпош, при претрес во домот на 42-годишен скопјанец, биле пронајдени кокаин, марихуана, дигитална вага со траги од кокаин и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во посебна акција на улицата „Букурешка“ биле приведени уште две 23-годишни лица и една 16-годишна малолетничка, а кај едно од нив биле пронајдени поголема количина марихуана и кокаин. Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични…

Прочитај Повеќе

Македонија е на четвртото место во Европа по бројот на регистрирани случаи на западнонилска треска во текот на оваа сезона, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Од почетокот на сезоната на пренос на вирусот досега, во земјава се потврдени 13 случаи на инфекција. Пред Македонија се Италија со 139, Грција со 61 и Шпанија со 17 заразени, додека зад неа се Романија со шест, Франција со четири и Германија со еден случај. Вкупно во Европа оваа година се регистрирани 241 случај на западнонилска треска. Светската здравствена организација неодамна повика на зголемена внимателност поради…

Прочитај Повеќе

Народниот правобранител Фатон Сељами побара граѓаните на Гостивар, како и жителите на околните општини што се снабдуваат со вода преку ЈП „Комуналец“, да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за периодот во кој таа не смее да се користи. Тој изјави дека препораката ќе биде испратена до Советот на општина Гостивар и до другите засегнати општини, со очекување да биде прифатена. Сељами потсети дека слична одлука претходно била донесена и во Струга, кога водата за пиење била загадена. Од општина Гостивар велат дека ја разгледуваат можноста, но засега немаат донесено одлука ниту е познато кога Советот ќе заседава…

Прочитај Повеќе

Русија одобри дозволи за седум кинески транзитни бродови кои ќе пловат по Северниот морски пат низ Арктикот кон Европа, соопшти државната корпорација „Росатом“. Кинеската компанија „Си Леџенд Шипинг“ планира годинава да воспостави прва редовна контејнерска линија меѓу Кина и Европа преку оваа арктичка рута, со неделни пловидби во текот на навигациската сезона. Москва со години настојува Северниот морски пат да стане алтернатива на традиционалната рута преку Суецкиот Канал, иако пловидбата сè уште е ограничена од морскиот мраз, специјализираните бродови и недоволно развиената инфраструктура. Според „Росатом“, климатските промени постепено го продолжуваат периодот во кој Арктикот е погоден за пловидба, што ја…

Прочитај Повеќе

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во ноќниот руски напад со дронови и балистички проектили врз Киев и Киевската област. Според локалните власти, нападот најтешко го погодил округот Бровари, каде што се повредени уште три лица, меѓу кои има и едно дете, а оштетени се станбени објекти, автомобили и помошни згради. Во Киев избувнале пожари во гаражи, деловни објекти и на индустриски локации, додека спасувачките екипи интервенирале на повеќе места. Украинските воздухопловни сили предупредија на нови бранови руски дронови и балистички проектили, а експлозии беа регистрирани и во Днипро. Нападот следува само два дена по претходниот масовен…

Прочитај Повеќе

Папата Лав XIV за време на четиридневната посета на Франција, од 25 до 28 септември, ќе се сретне со жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеници, соопшти Ватикан. Средбата ќе биде организирана во координација со самите жртви, а точниот термин и локација ќе бидат објавени дополнително. Посетата ќе вклучува и обраќање во седиштето на УНЕСКО, средба со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец. Според извештај објавен во Франција во 2021 година, околу 330.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба од црковен персонал во период од седум децении. Минатиот месец Папата повторно ја потврди својата заложба за…

Прочитај Повеќе

Со читање на имињата на 22-те жртви, синоќа во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто беше одбележана десетгодишнината од катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. На комеморативниот настан беше оддадена почит на загинатите и испратена порака дека нивниот спомен никогаш нема да биде заборавен. Градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека и по една деценија болката на семејствата останува, а трагедијата е траен потсетник на последиците од природните непогоди. Тој нагласи дека комеморацијата не е само сеќавање на жртвите, туку и чин на достоинство, почит и благодарност кон сите кои помогнаа во најтешките моменти. На настанот…

Прочитај Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 33 до 40 степени, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Во попладневните часови, особено во северните делови од земјата, се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температура до 39 степени. Според прогнозата, сончевото и многу топло време ќе се задржи и во текот на викендот и следната седмица, со можност за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Метеоролозите…

Прочитај Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби со кои повторно се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање. Мерките се насочени кон сузбивање на таканаречениот „туризам за породување“, односно доаѓањето на странски државјанки во САД со цел нивното дете автоматски да добие американско државјанство. Новите правила ги заоструваат постојните прописи и ги ограничуваат исклучоците за добивање државјанство. Од Белата куќа тврдат дека наредбите се усогласени со одлуката на Врховниот суд, кој претходно го отфрли сличниот обид на Трамп како неуставен. Покрај „туризмот за породување“, мерките се однесуваат и на деца родени од странски државни службеници и…

Прочитај Повеќе

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Зголемен интензитет на возила е забележан на патните правци надвор од градските средини, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ клисурите, речните долини и котлините, каде што е можна појава на одрони.

Прочитај Повеќе