Автор: Никола Тасев

Од денеска стапи во сила зимското работење на зонско паркирање на јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје. Според новите правила, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде: – од понеделник до петок – од 07:00 до 21:00 часот, – во сабота – од 07:00 до 14:00 часот. Во зоната Д, работното време останува исто, од понеделник до сабота – од 07:00 до 23:00 часот.

Прочитај Повеќе

Пешак бил прегазен во Волково, од автомобил управуван од повозрасен возач. 73-годишен скопјанец удрил во 55 годишен пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот бил префрлен на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Прочитај Повеќе

Полициски службеници синоќа уапсиле 36-годишен државјанин на Косово, под сомнеж за кражба на електрична енергија и нелегален престој во Македонија. Случајот бил откриен по пријава од ЕВН Македонија. При службениот разговор било утврдено дека неговиот престој во државата не е регулиран и истекол уште на 15 септември. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство во Скопје.

Прочитај Повеќе

Обвинителството отвори истрага против тројца турски државјани за кои постојат сомненија за изнуда. Имено, тројца осомничени, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра. Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски, му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да…

Прочитај Повеќе

Во Националната опера и балет вечерва концерт ќе одржи Националниот џез оркестар и американскиот гитарист Курт Розенвинкел. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов. Розенвинкел е еден од највлијателните современи џез-гитаристи, познат по својот препознатлив музички јазик, техничка виртуозност и длабока емотивна изразност. Концертот со Националниот џез оркестар претставува негов прв настап во Скопје.

Прочитај Повеќе

Општина Аеродром започна голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до средината на ноември. Во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Прочитај Повеќе

Што се случува во скопските јавни претпијатија? По финансиските проблеми во ЈСП и во „Комунална хигиена“ и вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ заедно со колегите од фирмите – ќерки Флораком и Луна со денови го блокираат сообраќајот во Скопје. Тие си ја бараат августовската плата. Претседателот на Синдикатот, Стојанче Кашиковски, истакна дека иако од Град Скопје биле префрлени околу 23 милиони денари, сепак недостигаат уште околу 25 милиони денари само за платите во „Паркови и зеленило“, а дополнително се потребни средства и за Флораком и Луна. Тој нагласи дека претпријатието е во тешка финансиска криза и не може да…

Прочитај Повеќе

Последните деца кои се забавуваа во некогашниот Луна парк во Градскиот парк веќе станаа возрасни лица. Ќе имаат ли шанса барем нивните деца да се радуваат во одамна најавениот нов забавен парк оти стариот е срушен? Повеќе од една деценија се затвори стариот парк и неколку градски градоначалници на скопјани им најавува нов – кој ќе бил најдобар забавен парк на Балканот. Но, сега веќе и нема некои посериозни најави. За големи пари одамна се купени и дел од потребните реквизити за новиот парк, но засега скапуваат во некој магацин. Беше ветено и дека ќе се постават панорамско тркало, ролеркостер,…

Прочитај Повеќе