Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје при претреси на три локации на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, лишила од слобода 24-годишен скопјанец, затоа што во неговиот дом биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и пари. По брза постапка по поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство.
Автор: Никола Тасев
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица”, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално почна реализацијата на услугата за оваа година, информираат од Општината. Преку проектот „Центар се грижи за возрасните” , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост”, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови. Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.
Продолжуваат протестите на жителите на Аеродром, Ново Лисиче и Маџари против загадувањето од Вардариште. Според иницијативата „Стоп за Вардариште”, ќе се продолжи времето на блокадата на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров” на 3 часа, од 15 до 18 часот – токму во време кога најголем дел од скопјани се враќаат од работа. Од иницијативата велат дека ова е реакција на игнорантскиот однос на институциите кон проблемот што со години ги мачи жителите на овие општини. Речиси еден месец, жителите го блокираат сообраќајот на истата локација, предупредувајќи дека токму Аеродром и Гази Баба најмногу страдаат од чадот и загадувањето што доаѓа…
Од денеска, предвремено почна грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Иако, согласно регулативата радијаторите треба да се загреат од 15 октомври, студеното време во овие неколку дена ги вклучи топланите во Скопје. Од снабдувачот посочуваат дека сè до 15 октомври, на нивната веб-страницата секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Дождливото утро во Скопје предизвика сообраќаен метеж на повеќе крстосници. И оние скопјани кои вообичаено одат на работа пеш или со велосипед сега тргнаа со возило. Сообраќајниците кои водат кон централниот дел на градот беа претесни, се формираа долги колони, а некаде дури и се беше заглавено. Ова стана вообичаена слика во Скопје. За да се стигне од Лисиче или од Горче Петров до Центар неретко треба дури и до еден час. До кога ќе биде така? Очигледно е дека транспортната инфраструктура не е во состојба да ги задоволи потребите на град кој постојано расте по број на жители и…
Изборната кампања во Македонија е во полн ек. Денеска е четвртиот ден откако партиите и кандидатите за престојните локални продолжуваат да ги преставуваат своите програми. По првичните митинзи и останатиот вид на политичко претставување, граѓаните имаат забелешки во кој правец оди дел од кампањата. „Многу се зборува за централни теми, а помалку за она што не мачи во градовите”, „Се спушти нивото на настапи кај некои политички актери, тоа не е добро”, „Не ни требаат препукувања на партиите, туку понудени решенија за локалните проблеми”…, се некои од конкретните забелешки кои се изнесуваат преку социјалните мрежи. Инаку, изборната кампања ќе трае…
Жител на Велес на 79-годишна возраст ќе биде првото лице во Македонија кое ќе ја издржува затворската казна дома со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор. Ова е прв случај на практична примена на електронски алки кои беа најавени во мај годинава. Алките се воведуваат како начин за намалување на затворската популација, со оглед на тоа што во земјава има околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, а дел од установите работат со над 100% исполнетост. Законот овозможува алки да користат три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца,…
Jавното обвинителство на Република Македонија и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Како што информира државното обвинителство, целта на документот е да „овозможи заедничко дејствување во насока на зголемена ефикасност на борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заемна размена на податоци, искуства и експертиза”.
„До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон.“ истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на обраќањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан. Тој додаде и дека во Македонија ќе се создадат генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкуретни со своите врсници во Европа. Нашата цел е јасна, потенцира премиерот, а тоа е да станеме центар на дигитални трансформации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти. https://www.youtube.com/watch?v=3hpun3yaugo
Македонија утрово се разбуди со температури пониски од 10 степени. Сибирскиот ладен бран кој синоќа навлезе на територијата на цела држава ја спушти утринската температура во Крушево на 4 степени, во Берово на 6, а во Крива Паланка и Тетово на 7 степени. И дневните температури денес се движеа околу 10-тиот степен, Синоќа најмногу дожд наврна во Крушево, Битола и Штип. Ваквото време ќе се задржи и во следните неколку дена, по што повторно ќе огрее сонцето, а дневните температури ќе се движат околу 20-тиот степен.