Автор: Никола Тасев

Формирањето многудетно семејство е многу важно за Македонија. Тоа за премиерот Христијан е како што истакна највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Тој опомена дека според последниот попис државата има над 1,8 милиони жители. Но се плаши дека за 20 години Македонија ќе биде земја со под 1 милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер, еден вработен што ќе значи колапс за пензискиот фонд. Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни влади, а тоа се многудетни семејства. Јас би…

Прочитај Повеќе

Има два нови случаи покрај петнаесетте веќе затруени младинци кои јаделе во киоск-сендвичарницата во Штип која викендов беше времено затворена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Досега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана ‘Salmonella enteritidis’. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на ИЈЗ во Скопје“, вели епидемиологот Светлана Живкова во изјава за МИА. Резултатите од земените примероци сè уште се чекаат. АХВ во неделата информира дека привремено е затворена киоск-сендвичарница во Штип откако пет лица пројавиле симптоми на труење со храна откако јаделе…

Прочитај Повеќе

Откажувањето од нуклеарната програма не е опција за Северна Кореја Северна Кореја никогаш нема да се откаже од својата нуклеарна програма, рече заменикот министер за надворешни работи, Ким Сон Ѓонг, од говорницата на Генералното собрание на Обединетите Нации, опишувајќи го тоа како барање за одрекување од суверенитетот и правото на постоење на земјата. Ким нагласи дека наметнувањето на “денуклеаризација” е еквивалентно на барање за откажување од Уставот на Северна Кореја.

Прочитај Повеќе

Русија ќе изврши регрутација за воена служба на нови 135.000 лица. Наредбата за ова ја потпишал претседателот Владимир Путин. Акцијата треба да се спроведе од октомври до декември оваа година и ќе опфаќа лица на возраст од 18 до 30 години. Со истиот указ се наредува и отпуштање од воена служба на војници чија воена служба е истечена.

Прочитај Повеќе

По неколкучасовни разговори во Белата куќа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржа планот на Доналд Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето на темелите за мир во Газа. Планот на Трамп се состои од 21 точка кои вклучуваат итно прекинување на огнот и прекин на сите воени активности со постепено повлекување на израелските сили од Газа. Планот предвидува дека никој нема да биде принуден да ја напушти Газа, а на оние кои сакаат да заминат ќе им биде дозволено слободно да се движат. По состанокот во Вашингтон и опозицијата во Израел го поддржа планот. Од друга страна Хамас засега…

Прочитај Повеќе

Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека, за разлика од „попустливите претходници”, неговата влада доследно ги затвора нелегалните институции на северот на Косово, иако токму тоа сега создавало дипломатски тензии и оддалечување на Приштина од Вашингтон. Тој не се согласува дека односите со САД се „нарушени”, туку дека постојат разлики околу „нелегалните институции на Србија”.

Прочитај Повеќе

Силниот дожд, кој го погоди Крит синоќа предизвика поплави и хаос на целиот остров. Невремето најмногу го погоди градот Ираклион, како и областите Вијанос и општина Фестос. Според грчките медиуми, бурата предизвикала поплави и лизгање на земјиштето.

Прочитај Повеќе

Во наредните денови Народното собрание на Република Српска ќе назначи В.Д. Претседател на тој ентитет, откако му беше одземен мандатот на Милорад Додик. Тој беше осуден од судот во Сараево на една година затворска казна и шестгодишна забрана за вршење јавна функција. Против пресудата имаше големи протести во Бања Лука. Предвремените избори за нов претседател на Република Српска ќе се одржат на 23 ноември.

Прочитај Повеќе