Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Подметнал глава за да спречи напаѓачот да убие дете: Нови сведоштва на патниците во возот на хоророт во Англија
    Свет

    Подметнал глава за да спречи напаѓачот да убие дете: Нови сведоштва на патниците во возот на хоророт во Англија

    02/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Постар маж херојски спречил напаѓач со нож да убие младо девојче, додека жртвите на нападот во возот на хоророт во Англија, се обидувале да се одбранат.
    Ова се дел од сведочењата на патниците во возот, по синоќешниот напад на двајца мажи кои со нож ги колеле патниците. Тие опишуваат како еден од патниците подметнал глава за да ја спаси девојката во крвавото насилство во возот кој се движел од Питерборо кон Лондон. Спасувачот се здобил со сериозни исекотини на главата и вратот.
    Сведокот, еден од патниците, Оли Фостер за BBC изјави: „Кога стигнав до крајот на вагонот, бевме околу шест лица на самиот крај. Таму беше девојка, која беше навистина во лоша состојба бидејќи напаѓачот се обидеше да ја прободи со нож. Еден повозрасен човек, апсолутен херој, го блокираше ударот со глава. Дадовме дел од нашите јакни за да се успори крвавењето“, изјави Фостер.
    Фостер, кој седел во вагон, раскажа дека луѓето кои трчале низ вагон оставале „траги од крв по целите седишта“. Тој рекол дека слушнал за нападот кога повредените патници трчале низ вагон предупредувајќи: „Трчајте, трчајте, таму е човек кој буквално сите ги напаѓа“. Тој првично помислил дека некој се шегува за „Ноќта на вештерките“. Инцидентот траел околу 10 до 15 минути, иако нападот „се чинел како вечност“, додал Фостер.
    Мотивот за нападот, како што веќе објавивме, не е познат, но британската антитерористичка полиција го истражува случајот.
    Имено, двајца мажи облечени во црно биле приведени, откако полицијата ги онеспособила со електрошокер по запирањето на возот на станицата Хантингдон.
    Десет лица се пренесени во болница, а девет од нив се со сериозни повреди опасни по животот.

    англија воз напад повредени
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вучиќ најави парламентарни избори во Србија годинава

    14/04/2026

    Клучните земји на НАТО одбија да учествуваат во Трамповата блокада на Ормутскиот теснец

    14/04/2026

    По блокадата од САД, Иран се заканува дека ниту едно пристаниште во регионот нема да биде безбедно

    13/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.