Автор: Никола Тасев

Од вечерва па до сабота, под влијание на Средоземен циклон, цела Македонија ќе биде зафатена од силно невреме со обилни врнежи. Истовремено од исток ќе продира многу ладен воздух со засилен ветер и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. Температурите утре и во петок ќе се движат во интервал од 0 до 10 степени.

Прочитај Повеќе

Повторно воведување на директна линија помеѓу Скопје и Доха, побарал директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски на средбата со делегација на Катарските воздухопловни власти. „Оваа линија за Македонија е од големо значење од аспект на развој на економијата, трговијата, туризмот, како и олеснувања за македонските патници, кои Доха би ја користеле како конектирачка точка за нивните патувања до останатите држави на Блискиот Исток, и летови до Азија, Австралија и Нов Зеланд“ соопштија од македонската Агенција.

Прочитај Повеќе

Денеска со првиот академски час почна студентската учебната година. На Универзитетот Свети Кирил и Методиј, пред платото, на бруцошите им се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска, додека на Факултетот за безбедност, студентите ги поздрави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со првиот академски час, денеска почна наставата и на другите факултети во Македонија.

Прочитај Повеќе

Изборот на нов претседател Советот на јавни обвинители ќе се одржи по локалните избори. До изборот, со Советот, ќе раководи заменик претседателот Башким Бесими, откако беше констатиран престанок на мандатот на досегашната претседателка Душица Димитриевска.

Прочитај Повеќе

Министерството за образование и наука ќе ја зголеми поддршката за талентираните студенти. Ова го најави министерката Весна Јаневска, на конференцијата на Факултетот за математички и природни науки, каде што беа презентирани успесите на студентите и нивните ментори постигнати на меѓународни научни олимпијади од областа на хемијата. „Почнувајќи од оваа година, Министерството целосно ќе ги покрие трошоците за патување и регистрација на студентите и менторите кои ќе се квалификуваат за меѓународни научни олимпијади или натпревари,“ рече Јаневска. На Меѓународната олимпијада по хемија што се одржа годинава во Дубаи, учениците од Македонија освоија сребрен и бронзен медал, како и благодарница, додека на…

Прочитај Повеќе

Партиите и кандидатите за престојните локални избори денеска се во третиот ден од кампањата. Ќе продолжат да ги преставуваат своите програми на разни митинзи, средби со граѓани и преку медиумите. Инаку, изборната кампања ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни…

Прочитај Повеќе

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан му порача на премиерот на Полска, Доналд Туск дека судир со Русија е игра опасна игра со животите на милиони Европејци. Тој на социјалната мрежа Х, синоќа напиша: Драг Доналд Туск, можеби мислите дека сте во војна со Русија, но Унгарија не е”. Изјавата на Орбан дојде откако Туск во говор на Варшавскиот безбедносен форум, изјави дека војната во Украина е дел од „страшен политички проект”.

Прочитај Повеќе

По појавата на африканската свинска чума во Хрватска, само на една фарма уништени се речиси 10.000 свињи. Штетата е проценета на околу 2,5 милиони евра. По потврдата на присуството на вирусот на 20 септември, започна уништувањето на сите свињи на фармата, во согласност со прописите за справување со оваа смртоносна болест. Африканската свинска чума претставува сериозна закана за свинската индустрија, не само во Хрватска, туку и во регионот.

Прочитај Повеќе