На својата веб страница, МВР постави линк кој води до регистарот на напади врз новинари, објавен на страницата на Здружението на новинари на Македонија. Овој регистар ги прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на пријавата и постапката. „Безбедноста на новинарите за МВР е еден од врвните приоритети и во изминативе години интензивно се работи на ова поле”, велат од МВР. Од таму посочуваат дека координацијата помеѓу полицијата, обвинителството и новинарските организации е на високо ниво и тоа многу придонесува за брзо и ефикасно решавање на случаите кои се однесуваат…
Автор: Никола Тасев
За една година бројот на работниците во индустријата, според податоците од Државниот завод за статистика, е намален за 2,6 отсто. Ова, пред се, се должи на надолните движења забележани во три сектори: преработувачката, рударство и снабдување со електрична енергија. Зголемување на вработените има во групите трајни производи за широка потрошувачка – за 7,3 отсто.
Протестите во Мароко, што започнаа минатата сабота, продолжија и денес со судири помеѓу младите демонстранти и полицијата. Организирани од анонимна младинска група, преку социјалните мрежи, демонстрантите од властите бараат реформи во образовниот и здравствениот систем. Досега се уапсени повеќе од 400 лица. Стапката на невработеност кај младите во Марокот е над 35 отсто.
Во трагедија во Етиопија откако се урна дрвена скела во црква во изградба за време на верска прослава, загинаа најмалку 25 лица а повеќе од 100 се повредени. Меѓу жртвите има и деца и постари лица. Здравствените власти побарале помош од Црвениот крст. Се очекува дека бројот на жртви може да порасне.
Американската вселенска агенција НАСА испрати 15.000 од вкупно 18.000 цивилни службеници на неплатено отсуство и суспендира повеќето свои активности, откако федералната влада на САД финансиски се блокира, поради неусвојување на буџетот во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе го исклучи целиот систем што не е критичен и ќе ги обезбеди објектите.
Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, со притисок врз државите што се уште купуваат руска нафта. Тие ја истакнаа важноста на трговските мерки, вклучувајќи ги царините и забраните за увоз и извоз, за намалување на руските приходи поради војната во Украина. САД претходно ги повикаа сојузниците во НАТО да воведат царини за земјите што купуваат руска нафта. Засега Индија и Кина не попуштаат и економски соработуваат со Русија купувајки огромни количини на гас и нафта од Москва.
На неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген, поддржана е иницијативата за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на безбедносни проекти, вклучувајќи и изградба на “европски ѕид” за одбрана од дронови. Меѓу членките постои согласност дека ЕУ мора да има штит од дронови, но некои од нив не се согласуваат дека фокусот треба да се стави исклучиво на источните граници. Барањето на Украина за употреба на руските пари за нејзина помош дополнително ќе биде разгледано. Русија од друга страна најави контра мерки ако се користат нејзините пари кои се депонирани во западните банки.
Најголемиот италијански синдикат за утре повика на генерален штрајк во знак на протест против начинот на кој Израел постапува со хуманитарната флота што носи помош во Појасот Газа. Од синоќа веќе протести се одржуваат во повеќе италијански градови. Претходно, израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека израелската морнарица упаднала на неколку бродови од Глобалната мировна флотила и привела активисти. И Турција реагираше, обвинувајќи го Израел за „чин на тероризам” поради пресретнувањето на хуманитарната флота. Помошта за Газа се носи со 47 бродови, на кои има околу 500 активисти од 46 држави.
„Од 2026 година, минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра, а цел е просечната плата да достигне 1.000 евра во следните четири години”, изјави министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај. Tаа нагласи и дека даноците нема да се зголемат во следните 18 месеци, со цел граѓаните и бизнисот да работат во постабилна финансиска клима. Моменталната минимална плата во Албанија е 412 евра.
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/UrXKMCDgYgQ?si=8yuhy0IQ_7SvTLq6