Се отворија гласачките места низ Македонија. Се гласа на вториот круг на Локалните избори. Денеска до 19 часот 1.013.375 гласачи ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. За советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари, а нема воопшто да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, каде што во првиот круг не беше исполнет цензусот на излезност. Таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори.
Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во Градот Скопје и во општините Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.
Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи.
ДИК потсетува дека индетификацијата на гласачите се врши важечка лична карта или пасош и со апаратите за биометриска идентификација.
Резултатите од гласањето на изборите се очекуваат во текот на вечерта, а се очекува последната прес-конфренција ДИК да ја одржи околу 23 часот.
Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.
На овие локалните избори вкупно учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
