Автор: Никола Тасев

Пожарот што се закануваше да зафати поголем дел од Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола, но надлежните служби и натаму остануваат во состојба на зголемена претпазливост. Поголема катастрофа била спречена благодарение на интервенциите на „Ер тракторите“ и брзата акција на пожарникарите од Ресен и Битола и другите служби на терен. Во гаснењето учествуваа и вработени од НП „Пелистер“, јавните комунални претпријатија и службите за управување со кризи и заштита и спасување. Дежурните екипи остануваат на терен за целосно догаснување и за спречување евентуално повторно активирање на огнената линија. Да потсетиме, вчера попладне пожарот избувна во преспанскиот регион, во поширокото…

Прочитај Повеќе

Голем пожар, потпомогнат од силниот ветер, попладнево се прошири од преспанската страна и навлезе на територијата на Националниот парк „Пелистер“. Пожарот започнал во поширокото подрачје на Долна Бела Црква и Макази, а огнот зафатил нискостеблеста и борова шума и брзо напредувал кон границите на националниот парк. Директорот на НП „Пелистер“, Иванчо Тошевски, информира дека пожарот веќе навлегол во паркот, помеѓу подножјето на врвот Вртушка и врвот Мала Чука. На терен се пожарникари од Ресен и Битола, екипи на Националниот парк, „Македонски шуми“ и Дирекцијата за заштита и спасување, а дополнително е испратена и механизација за правење противпожарни пресеки. Поради непристапниот…

Прочитај Повеќе

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи. Во интервју за хрватското списание „EGE“, Љатифи говори за предизвиците во електропреносниот систем, инвестициите во домашната мрежа, новите интерконекции со Албанија и Косово, интеграцијата на обновливите извори, пазарното поврзување и заштитата од сајбер-напади. Според него, енергетската транзиција напредува, но безбедното и сигурно функционирање на системот останува главен приоритет на МЕПСО. Повеќе обновливи извори, но и поголем притисок врз мрежата Најголемиот предизвик за МЕПСО е воспоставувањето…

Прочитај Повеќе

СДСМ бара целосна транспарентност од премиерот Христијан Мицкоски за најавените инвестиции во дата-центри и информации за компаниите со кои се водат разговори. Од опозициската партија реагираат на изјавата на Мицкоски дека Владата не се откажува од дата-центрите и дека постојат пет-шест потенцијални инвеститори. СДСМ тврди дека ваквата изјава отвора сомнеж дека веќе се водат или се постигнати договори „под радарот“, без јавноста да биде информирана за нивната содржина. Партијата бара да се објави кои се инвеститорите, какви услови им се нудат и колкави количини вода, електрична енергија и земјиште би биле потребни за проектите. Според СДСМ, изградбата на вакви центри…

Прочитај Повеќе

Платите и пензиите во периодот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат со значително побрзо темпо отколку за време на претходната власт, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партиските пресметки, просечната плата од околу 22.800 денари во јуни 2017 година достигнала 41.250 денари во мај 2024 година, што е раст од повеќе од 18.400 денари за седум години. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека тоа претставува просечен месечен раст од околу 220 денари. За споредба, посочуваат дека просечната плата од околу 40.900 денари во јули 2024 година се зголемила на повеќе од 49.500 денари во мај 2026 година. Според нивната пресметка, станува збор за раст…

Прочитај Повеќе

Станбеното кредитирање во Македонија во јуни пораснало за 16,6 проценти на годишно ниво, што според Левица покажува дека сè повеќе граѓани мора да се задолжуваат за да обезбедат сопствен дом. Од партијата посочуваат дека младите земаат станбени кредити на 20, 25 или 30 години и практично остануваат должници на банките во најголемиот дел од својот работен век. Според Левица, оние кои не можат да добијат или да си дозволат кредит се принудени да останат кираџии, додека цените на недвижностите продолжуваат да растат. Партијата оценува дека нерешеното станбено прашање е една од причините поради кои младите ја напуштаат државата и сè…

Прочитај Повеќе

Најмалку 27 лица загинаа, а уште 42 се повредени во руски напад врз округот Буча во Киевската област, соопшти шефот на регионалната воена управа Тимур Ткаченко. Меѓу повредените има четири деца, додека спасувачките екипи евакуирале 381 лице, а оштетени се околу 50 куќи. Нападот се случил синоќа околу 20:10 часот во селото Мила, каде што руски дрон погодил или паднал во кругот на едно претпријатие. По ударот избувнал голем пожар, по што започнале силни секундарни експлозии на материјалите складирани во објектот, а огнот се проширил и кон околните станбени згради. Украинското Државно обвинителство отвори истрага и за нападот и за…

Прочитај Повеќе

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека Пробиштип низ децениите се менувал, растел и се развивал, но најголемата вредност на градот отсекогаш биле неговите жители. „Пробиштип е град кој низ децениите се менувал, растел и се развивал, но секогаш ја задржувал својата најголема вредност – луѓето кои живеат тука и кои со својот труд го градат неговото секојдневие и неговата иднина“, порача Тоневски. На Свечената седница беа доделени награди и признанија на учениците…

Прочитај Повеќе

БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Настанот, кој се одржа на Градскиот стадион во Крива Паланка, ги обедини рударите и тимовите од „Тораница“ и „Злетово“. На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Валканов, раководството предводено од Георги Валканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници. Свеченоста беше посветена на рударите и на сите тимови кои со своето знаење, искуство, храброст и одговорност…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица. Во својата објава Коњановски им посака на граѓаните добро здравје, семејна радост и благосостојба во нивните домови. „Блаженството, мирот, спокојството и радоста нека бидат во и околу нас. Овој ден е симбол на верата, надежта и милоста, потсетник дека љубовта и добрината секогаш победуваат“, порача градоначалникот. Тој повика на зачувување на традицијата, негување на духовните вредности и заедништво меѓу граѓаните. „Да ја чуваме традицијата, да ја негуваме духовноста и да останеме обединети во вербата и љубовта кон…

Прочитај Повеќе