Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 32.907.505 денари, од кои 27.680.175 денари беа реализирани на официјалниот и редовниот пазар, 2.090.830 денари преку јавна понуда на обврзници, а 3.136.500 денари преку блок-трансакција. Ликвидноста во акционерскиот сегмент ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Алкалоид Скопје. Топ добитници · Алкалоид Скопје +5,95% · Универзална Инвестициона Банка Скопје +3,87% · ТТК Банка АД Скопје +1,89% Топ губитници · Комерцијална банка Скопје –0,39% · Реплек Скопје –0,35% · АЛТА…
Автор: Никола Тасев
Софија Сталоне, најстарата ќерка на холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне, објави дека се свршила со своето момче Мајкл Шихан. Веста ја сподели на Инстаграм непосредно откако на 27 август го прослави својот 30. роденден, објавувајќи фотографии од романтичното запросување со пораката „Засекогаш со најдобриот пријател“. На фотографиите се гледа дијамантскиот прстен, како и моментот кога Мајкл клечи пред Софија опкружен со бели рози и свеќи. Меѓу првите кои им честитаа беа нејзините помлади сестри Систин и Скарлет, а честитка испрати и Парис Хилтон. Софија потоа позираше со родителите Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин, покажувајќи го свршеничкиот прстен. Сталоне е познат како…
Разговорите за пари на почетокот на една врска можат да бидат непријатни, но финансиските навики и ставови честопати имаат големо влијание врз иднината на односот. Адвокатката за разводи и поделба на имот Џеки Комбс вели дека многу парови предоцна почнуваат отворено да разговараат за финансиите, па издвојува пет прашања кои можат навреме да покажат колку партнерите се усогласени. Првото е што би направил партнерот доколку добие голема сума на лотарија – дали би ги потрошил парите, би штедел, би отплатил долгови, би му помогнал на семејството, би започнал бизнис или би патувал. Одговорот може да открие многу за неговите приоритети,…
Музиката на Доли Партон бележи огромен раст на слушаноста по смртта на легендарната кантри-пејачка, која почина во вторникот. Според аналитичката компанија „Luminate“, бројот на аудио и видеостримови во САД за само еден ден пораснал за 2.458 проценти, од 1,2 милиони на 30,5 милиони. Во средата нејзините песни во САД достигнале 46,3 милиони слушања, додека глобално биле регистрирани 79,7 милиони аудиостримови, со што Партон станала најслушаниот изведувач во светот тој ден. Најголем интерес предизвикала „Jolene“, која од околу 196.000 слушања во понеделникот стигнала до четири милиони во средата. Огромен раст забележале и „9 to 5“, „Islands in the Stream“ со Кени…
Тирана е прогласена за најповолна европска дестинација за есенско градско патување во новото истражување на туристичката агенција „Thomas Cook“, кое опфатило 51 популарна дестинација. Истражувањето покажало дека во 18 од анализираните градови туристите можат да поминат еден ден со помалку од 117 евра по лице. На врвот е главниот град на Албанија, каде што просечните дневни трошоци во септември изнесуваат околу 60 евра, па тридневен престој би чинел приближно 180 евра. За споредба, три дена во Амстердам би чинеле околу 1.070 евра, односно приближно 357 евра дневно. Во Тирана просечната цена на влезниците за туристичките атракции е околу пет евра,…
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од појава на одрони. Како покритични делници се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани…
Во периодот од 28 до 29 август до 7:30 часот, во Македонија се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати. Најсериозен е пожарот на територијата на општините Студеничани и Зелениково, каде што гори мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и во правец на Преслап. Активен е и пожарот кај Копаница во Општина Сарај, кој се шири кон Радуша и зафаќа ниска вегетација и шума. Пожари сè уште има и над…
Денеска, 29 август, се навршуваат 30 години од трагедијата кај Берово, кога удари од гром усмртија девет лица, а повредија повеќе од 50 верници собрани кај манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“. Несреќата се случи на 29 август 1996 година, ден по Голема Богородица, бидејќи народниот собир и заедничкиот ручек биле поместени за следниот ден за на трпезата да може да се послужи месо од јагнињата дарувани од верниците. Кај црквата, на околу половина километар од Берово кон Беровското Езеро, според тогашните процени биле собрани меѓу 10.000 и 20.000 луѓе од различни делови на Македонија. Околу 15 часот небото за…
Бројот на загинати во катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина се искачи на повеќе од 600, соопшти непалската полиција. Околу 2.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати, меѓу кои има и странски државјани, додека истекува критичниот 72-часовен период во кој шансите за пронаоѓање преживеани се најголеми. Кинеските државни медиуми објавија дека засега нема знаци дека некој преживеал на граничниот премин кој директно бил погоден од огромниот поплавен бран. Во Непал здравствените власти предупредуваат дека итна помош им е потребна на жителите на цело село за кое се стравува дека било однесено од водата. Спасувачките операции дополнително ги…
Украински беспилотни летала во текот на ноќта нападнале повеќе локации во Ростовската област на југот на Русија, меѓу кои и логистички објект на „Озон“ во Ростов на Дон. Од компанијата соопштија дека по ударот избувнал помал пожар кој брзо бил изгаснат, а работата на објектот привремено била прекината поради безбедносна проверка. Според руски и локални извори, пожар избувнал и во магацин на компанијата за електроника и апарати за домаќинство „ДНС“ во Аксај, од каде вработените биле евакуирани. Гувернерот на Ростовската област Јуриј Сљусар соопшти дека остатоци од дрон биле пронајдени во подрачјето на еден магацин во округот Аксај, но не…