Украинските сили синоќа извршиле напади со дронови врз голема рафинерија за нафта во Ленинградската област и врз воздухопловна база во Краснодарскиот крај, објавија украински медиуми повикувајќи се на руски и телеграм-канали. Во рафинеријата „Киришинефтеоргсинтез“, позната како КИНЕФ и една од најголемите во Русија, по нападот избувнал пожар. Гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко потврди дека во близина на рафинеријата паднал дрон и предизвикал пожар, наведувајќи дека над регионот биле соборени вкупно 62 беспилотни летала. Истовремено, според извештаите, била нападната и воздухопловната база во градот Јејск во Краснодарскиот крај, каде што очевидци пријавиле серија силни експлозии. Украински дронови биле забележани и…
Автор: Никола Тасев
Најмалку 734 лица загинаа во Непал во разорните поројни поплави што во средата го погодија подрачјето во близина на границата со Кина, соопшти непалската служба за вонредни ситуации. На непалската страна како исчезнати претходно беа регистрирани 2.498 лица, додека спасувачките екипи успеале да извлечат 7.514 луѓе. Ситуацијата дополнително се влошува поради зголемувањето на нивото на реката Тришули, поради што дел од жителите и спасувачите се повлекле на повисоките места поради опасност од нови поплави. На тибетанската страна од границата, кинеските власти соопштија дека досега загинале 16 лица, а 546 сè уште се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите во Тибет има…
Иранскиот врховен лидер, ајатолах Моџтаба Хамнеи, ги повика земјите од Заливот да го идентификуваат својот „вистински непријател“, да ги разберат неговите планови и заеднички да му се спротивстават. Во писмената порака по повод празникот на раѓањето на пророкот Мухамед, Хамнеи повика на единство, меѓусебна одбрана и поголема соработка меѓу муслиманите во светот. Инаку, Хамнеи не е виден во јавноста откако пред шест месеци беше ранет во американско-израелските воздушни напади во кои загина неговиот татко и тогашен врховен лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи. Во меѓувреме, Меѓународната поморска организација на Обединетите нации соопшти дека околу 6.000 морнари на приближно 400 бродови…
Во изминатото деноноќие, заклучно до 7:30 часот утрово, во Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, два се ставени под контрола, а 17 се изгаснати. Активен останува пожарот во Општина Ресен, меѓу селата Бела Црква и Подмочани, каде што гори борова шума и ниска вегетација. Пожари сè уште има и меѓу Копаница и Радуша во Општина Сарај, меѓу Горно Коњари и Дивљан во Петровец, како и кај селото Копанце во Јегуновце. Активни се и пожарите над Нежилово во Општина Чашка, кај селото Алинци и Касарната во Прилеп и кај селото Урвич во Општина…
Повеќе лица се погодени во пукање што се случило рано утринава на рејв забава во швајцарскиот град Арау, соопшти кантоналната полиција во Аргау. Инцидентот се случил нешто пред 3 часот наутро на хиподромот каде што се одржувала традиционалната техно-забава „Aarauer Rave“. Полицијата потврди дека биле испукани повеќе куршуми, но засега не го објавува точниот број на загинати или повредени. Според организаторите, на забавата присуствувале околу 3.500 луѓе. Во тек е голема потрага по напаѓачот, а засега не е познато дали станува збор за едно или за повеќе лица. Во безбедносната операција се вклучени голем број полицајци, како и воениот хеликоптер…
ОВЕН Работа И покрај неповолните аспекти, умеете многу работи да завршите навреме. Во наредниот период не очајувајте доколку нешто не ви успее според планот. Љубов Излезете и забавувајте се како некогаш, кога имавте повеќе ентузијазам. Ова особено важи за повозрасните претставници на вашиот знак. Здравје Немате поголеми тегоби. БИК Работа Влегувате во солиден деловен аранжман со една Девица. Искористете го периодот пред вас, бидејќи моменталните аспекти можат да ви дадат одлична поддршка. Љубов Не е лоша идеја да се договорите и да го искористите времето за убаво излегување со личноста која ви е драга. Здравје Пределот на грлото ви е…
Опцијата „против“ повторното започнување на преговорите за членство на Исланд во Европската Унија премина во минимално водство на референдумот, покажуваат најновите нецелосни резултати. По преброени 152.000 гласови, против продолжување на преговорите се изјасниле 50,1 отсто од гласачите, додека 49,9 проценти гласале „за“. Првичните резултати по преброени 87.000 гласови покажуваа обратна состојба, со водство на опцијата „за“ од 51,2 проценти. Поддржувачите на европската интеграција тврдат дека членството во ЕУ би можело да придонесе за намалување на високите каматни стапки и за поголема безбедност на земјата. Противниците, пак, предупредуваат дека членството може да го загрози суверенитетот на Исланд и контролата врз риболовните…
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа попладне ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 15 до 23 степени, додека максималните ќе достигнат од 31 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со максимална температура до 36 степени и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во новата работна седмица ќе продолжи сончевото и топло време, со можност за слаба локална нестабилност во попладневните часови.
Силно невреме проследено со ветер и обилен дожд синоќа го зафати свероисточниот дел на Македонија. Најпогоден беше Кочани, каде се предизвикани сериозни проблеми во сообраќајот и движењето низ градот. Кочани остана без електрична енергија, а силниот ветер собори дрвја и гранки на повеќе локации. Во прекин беше сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип поради наноси и паднати дрвја на коловозот, а блокиран е и излезот од градот кон Виница кај СОУ „Гошо Викентиев“. Прекин имаше и на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовската крстосница. Екипи на Територијалната противпожарна единица и полицијата цела ноќ беа на…
Од 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје. Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот…