Околу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Поплавите започнале околу 14:30 часот по локално време во подрачјето на кањонот Брајт Ејнџел и познатото одморалиште „Фантом Ранч“. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени. Американската Служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една…
Автор: Никола Тасев
Околу 14.500 првачиња досега се запишани за учебната 2026/2027 година, а конечната бројка ќе биде позната по завршувањето на уписите во септември, соопшти пред некој ден министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во споредба со учебната 2016/2017 година, кога имало 23.266 првачиња, сегашната бројка е помала за речиси 9.000 деца. Падот на наталитетот е една од причините, но најголемата е иселувањето. Последиците веќе се чувствуваат и во училишната мрежа, бидејќи годинава бројот на паралелки е намален за околу 200 во основното и за уште 100 во средното образование. Истовремено, 26 рурални училишта во кои нема ниту едно запишано прваче…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурите ќе се движат од минимални 14 до 22, до максимални 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и максимална температура до 38 степени. Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе продолжи сончевото и топло време со услови за локална попладневна нестабилност. Нестабилноста се очекува да биде поизразена во среда и четврток,…
Американските сили синоќа нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормускиот Теснец, што е прв директен американски воен напад врз Иран во последниот месец. Според американски претставници, погодени биле два лансери со кои управувале припадници на иранската Револуционерна гарда. Американски функционер тврди дека иранските сили подготвувале ракети и поморски мини за употреба во стратешки важниот теснец. Иранските медиуми претходно објавија дека во близина на островот Ларак одекнале експлозии и дека нападот бил изведен со дронови, но американската страна не соопшти какво оружје било употребено. Иранската Револуционерна гарда го потврди нападот и соопшти дека има загинати и повредени меѓу нејзините…
Со убедлива победа против Австрија во Виена, македонската кошаркарска репрезентација го почна вториот дел од претквалификациите за Европското првенство во кошарка. Конечниот резултат е 91:59. Ненад Димитриевиќ оствари трипл – дабл со постогнати 15 коша и остварени 14 скокови и 11 асистенции. Останатите поени за Македонија ги постигнаа Ефремовски – 17, Мекиќ и Рајт по 12, Ташовски 9, Стојановски 7. Следниот натпревар нашите кошаркари го играат во Скопје против Кипар на 26 ноември.
Најмалку седум лица загинаа откако патничкиот брод „Filo Jet“ со 267 лица се преврте недолго по испловувањето од пристаништето Гирне на северот на Кипар. Според последните информации, спасени се 237 лица, додека по 23 патници и натаму интензивно се трага. Големата операција за пребарување и спасување продолжува со четири пловила на крајбрежната стража на Северен Кипар, пет пловила на турската крајбрежна стража, еден цивилен патнички брод и два хеликоптера. Властите соопштија дека најголем предизвик е да се стигне до луѓето кои можеби останале заробени во превртениот катамаран. Лидерот на кипарските Турци, Туфан Ерхурман изјави дека спасувачите користат и дополнителна технологија…
Патнички брод на компанијата „Filo Jet“ со 267 лица се преврте денеска недолго по испловувањето од пристаништето Гирне на северот на Кипар. Според министерот за транспорт и јавни работи на Северен Кипар, Ерхан Арикли, на бродот имало 259 патници и осум членови на екипажот. Градоначалникот на Гирне, Мурат Шенкул, изјави дека досега се спасени 159 патници. Бродот испловил околу 12:30 часот по локално време кон турското пристаниште Ташуџу во провинцијата Мерсин. Само два до три километри од брегот, од засега непознати причини, пловилото почнало нагло да прима вода. Капетанот испратил повик за помош, по што дел од патниците во паника…
Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар кај видиковецот на Средно Водно. Дирекцијата за заштита и спасување на својата Фејсбук страница објави фотографија од опожарениот автобус и објасни дека во гаснењето интервенирале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. Благодарение на брзата реакција на возачот, автобусот бил паркиран на соодветно место, со што било спречено огнот да се прошири кон парк-шумата „Водно“. Во инцидентот нема повредени лица, а пожарот не ја зафатил околната шума. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека се вршат проверки по кои треба…
Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати преку економски раст, намалување на јавниот долг како процент од БДП и пониска инфлација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека јавниот долг од 4,787 милијарди евра или 47,7 отсто од БДП во 2017 година, до крајот на 2023 година пораснал на 8,477 милијарди евра или 57,8 отсто од БДП. Според нивните пресметки, за шест години долгот бил зголемен за 3,69 милијарди евра, додека растот на БДП во истиот период изнесувал околу 3,9 милијарди евра. На крајот на 2024 година јавниот долг изнесувал 9,619 милијарди евра или 61,4 отсто од БДП, а заклучно…
Исланѓаните на референдум го отфрлија предлогот за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија, а според јавниот сервис РУВ, преостанатите непреброени гласови не можат да го променат исходот. Поддржувачите на европската интеграција тврдеа дека членството би помогнало во намалувањето на високите каматни стапки и би ја зајакнало безбедноста на земјата. Противниците, пак, предупредуваа дека членството во ЕУ би можело да го загрози суверенитетот на Исланд и контролата врз риболовните подрачја, а токму каматите, рибарството и трошоците за живот беа меѓу главните теми во кампањата.