Исланѓаните на референдум го отфрлија предлогот за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија, а според јавниот сервис РУВ, преостанатите непреброени гласови не можат да го променат исходот. Поддржувачите на европската интеграција тврдеа дека членството би помогнало во намалувањето на високите каматни стапки и би ја зајакнало безбедноста на земјата.
Противниците, пак, предупредуваа дека членството во ЕУ би можело да го загрози суверенитетот на Исланд и контролата врз риболовните подрачја, а токму каматите, рибарството и трошоците за живот беа меѓу главните теми во кампањата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
