По утринските гужви поради продолжениот викенд, попладневната информација на Авто-мото сојузот на Македонија покажува дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Претпладнето, на Табановце и Богородица се чекаше околу 45 минути, поради зголемената фреквенција на возила. Во текот на попладневните часови сообраќајот на граничните премини е нормализиран и засега нема поголеми колони. Нови гужви се очекуваат во недела, кога поголем број македонски граѓани ќе се враќаат во земјава по продолжениот викенд.
Автор: Никола Тасев
Со доделување на наградите во Куршумли Ан заврши 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој од 20 до 27 август се одржуваше под мотото „Само сонот е стварност“. Извршниот директор Дарко Набаков оцени дека ова било едно од најуспешните фестивалски изданија досега, при што седум од осумте вечери биле со распродадени билети за проекциите. Главната награда „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм ја освои „Тристан засекогаш“ на Тобијас Ноле и Лоран Бонардо. Наградата за филм со најдобри етички идеи му припадна на „Од црвени фенери до рефлектори“ на Бипулџит Басу, додека посебно признание во оваа категорија доби…
Најмалку 567 луѓе загинаа, а околу 1.924 сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што го погодија хималајскиот регион на границата меѓу Непал и Тибет. Според непалската Национална управа за намалување на ризикот од катастрофи, меѓу исчезнатите има 517 странски државјани. Бројот на исчезнати во Непал нагло се зголемил откако компаниите што управуваат со хидроенергетските проекти пријавиле дека немаат информации за повеќе од 900 работници кои претходно не биле внесени во официјалната евиденција. Досега во Непал се спасени повеќе од 3.700 луѓе, дел од нив со хеликоптери од отсечените планински подрачја, додека околу 93.000 лица имаат потреба од…
Италија е погодена од петтиот топлотен бран ова лето, а на југот и на островите температурите надминуваат 44 Целзиусови степени. Во централните и јужните делови од земјата температурите се и до десет степени над просекот, додека високата влажност дополнително го зголемува чувството на жештина. Екстремно топли се и ноќите, при што на повеќе места температурата не се спушта под 30 степени. Црвен аларм поради опасност од топлотниот бран е прогласен во девет градови, меѓу кои Рим, Бари, Палермо, Катанија, Месина и Реџо Калабрија. Во Сицилија и Сардинија се измерени температури до 43 степени, а воздушните струи од Северна Африка носат…
Полициски службеници на Граничниот премин Табановце лишиле од слобода 39-годишен возач од Шведска, откако било утврдено дека на автопатот А1 возел со 175 километри на час. Според МВР, прекршувањето било регистрирано преку системот „Безбеден град“ во близина на Демир Капија, на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Возачот управувал со „фолксваген“ со српски регистарски ознаки, а бил запрен на 27 август околу 16 часот при обид да излезе од државата преку Табановце. При проверката било утврдено дека М.С. (39) е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе продолжи да ја насочува економијата кон вештачката интелигенција и дата-центрите, оценувајќи дека Македонија има знаење и кадар за да го следи глобалниот технолошки развој. Како позитивен сигнал го посочи зголемениот интерес на младите за инженерските науки, наведувајќи дека на Машинскиот факултет бројот на заинтересирани за запишување е зголемен за 30 проценти. Мицкоски порача дека Владата ќе се обиде да го искористи овој процес за привлекување инвестиции, развој на економијата и создавање поголема додадена вредност. Според него, вештачката интелигенција и дата-центрите се меѓу главните двигатели и на американската економија, при што оцени дека без…
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ Венко Филипче дека се противи на проекти кои, според партијата, можат да ја направат Македонија помодерна, посилна и поконкурентна. Од партијата реагираат на ставовите на Филипче за евентуалната изградба на дата-центри во земјава, оценувајќи дека тие се изнесуваат без доволно аргументи и стручни анализи. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека по неуспехот на иницијативата против дата-центрите во Пехчево следувало ново ширење страв и паника во јавноста. Според партијата, Македонија треба да привлекува инвестиции, да гради модерна инфраструктура и да создава услови за побрз економски развој. Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ваквите инвестиции треба да се реализираат со целосно…
СДСМ соопшти дека во целост ги поддржува барањата на националните телевизии и јавниот сервис за институционална проверка на влегувањето на српски медиумски компании на македонскиот пазар. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека мора да се испита дали при влегувањето на „Еуроњуз Македонија“ и групацијата „Ало“ се заобиколуваат македонските закони. Таа се повика на предупредувањата од националните телевизии и Македонската медиумска асоцијација, кои, според неа, тврдат дека располагаат со материјални докази за канали што подолг период работеле без домашна дозвола. Кузеска го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во Македонија применува модел на медиумско и политичко влијание сличен на оној на…
Катастрофалните поројни поплави што ги погодија Непал и подрачјето долж границата со Тибет досега однесоа најмалку 270 човечки животи. Според последните податоци на непалската полиција, бројот на пронајдени тела нагло се зголемил за 93 во однос на претходниот биланс од 177 жртви. Во Непал како исчезнати се водат 826 лица, додека на тибетанската страна се трага по уште 558 луѓе, меѓу кои 260 странски државјани. Вкупно, во погодените области во Непал и Кина речиси 1.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Катастрофата била предизвикана од уривање на глечер во Хималаите, што предизвикало огромен бран од вода, кал и карпи…
Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во Македонија, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата се искачи на шест. Станува збор за 72-годишен маж од скопската општина Аеродром, кој пред 15 дена бил хоспитализиран со тешка клиничка слика. Бројот на заболени бележи значителен пораст, со повеќе од десет нови случаи во период од само една седмица. Според последните податоци, евидентирани се вкупно 53 пациенти кои ја прележале болеста, се лекуваат или се водат како сомнителни, од кои 50 случаи се лабораториски потврдени, а за тројца се очекуваат дополнителни резултати. На Клиниката за инфективни болести во Скопје…