Автор: Никола Тасев

Со Оливера Ливриниќ разговаравме за нејзиниот мотив да се кандидира за градоначалник на општина Бутел. Таа како кандидат од СДСМ верува дека нејзиното искуство во локалната самоуправа може да и помогне од општината да направи поубаво место за живеење. Целото интервју погледнете го на следниов линк https://youtu.be/BSEUQdnxg-Q?si=CsAEhPphcGFBDrfB

Прочитај Повеќе

Борче Митевски, актуелниот градоначалник на Петровец, го прашавме како планира да ги убеди жителите на неговата општина да му доверат уште еден мандат, петти по ред. Тој ни кажа и која е неговата најголема желба и најголем проект во следниот мандат. Целото интервју погледнете го на линкот: https://youtu.be/n4CN1qHYM8Y?si=PAsfU8Jm-Vgz2P7n

Прочитај Повеќе

Со Влатко Митовски, кандидат од СДСМ за градоначалник на Гази Баба разговаравме за неговите приоритети, доколку биде избран за прв човек на Општината. Тој сака од Гази Баба да направи убаво место за живеење од каде што во иднина младите нема да се иселуваат, туку напротив и од другите општини ќе доаѓаат да живеат тука. Целото интервју погледнете го на следниов линк: https://youtu.be/Ld-BAF2rsOc?si=-9KFEtjIzr-_tRtZ

Прочитај Повеќе

Општина Бутел денеска распиша тендерска постапка за изградба на поликлиника, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. Новата поликлиника Бутел ќе се гради на улица Бутелска, на местото на постојната модуларна амбуланта. Ќе има приземје и кат. Костовски посочи дека се работи за модерна поликлиника, која ќе се простира на 1.500 квадратни метри, а тендерската постапка се очекува да трае околу еден месец. Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт. – Во новата поликлиника ќе има општа медицина, ординации за педијатрија, биохемиска лабораторија, кабинет за…

Прочитај Повеќе

И дождливото време не ги спречи вработените од ЈП „Водовод и канализација“ да ги спроведуваат редовните активности за одржување на канализационата мрежа во Скопје. Тие извршија проверки и расчистување на сливниците и шахтите рачно, но и со цистерни под притисок на сите улици на територија на градот, со посебен акцент на критичните точки во градот, со цел непречена и нормална функционалност на атмосферската канализација заради најавените обилни дождови.

Прочитај Повеќе

Повеќе од 14.000 тркачи се пријавени за 21-то издание на Виз Ер скопски маратон што ќе се одржи в недела. „Секогаш давам поддршка на манифестации кои промовираат спорт и вистински вредности. Вредности кои треба да ги вратиме како највисоко нешто во нашето општество, вредности на кои треба да ги учиме нашите деца, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција. На Виз Ер Скопски маратон ќе учествуваат тркачи од 58 држави кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на 5 км.

Прочитај Повеќе