Големиот египетски музеј беше официјално отворен во Гиза. Тоа е најголемиот археолошки музеј во светот, а почетокот на неговата работа се смета за врв на модерната култура.
Во него се сместени околу 100.000 артефакти што опфаќаат седум милениуми од историјата на Земјата. Истакнати египетолози велат дека неговото основање го зајакнува нивното барање за враќање на клучните египетски антиквитети што се чуваат во други земји, вклучувајќи го и познатиот Камен од Розета изложен во Британскиот музеј.
Главната атракција на Големиот египетски музеј е гробницата на Тутанкамон, која е отворена за јавноста за прв пат откако ја откри британскиот египетолог Хауард Картер. Предметтеи што ги користел тој – златна маска, престол и кочии – исто така се изложени, според светските медиуми.
„Морав да размислам како да го претставам на поинаков начин, бидејќи од откривањето на гробницата во 1922 година, изложени се околу 1.800 предмети од повеќе од 5.500 што биле во гробницата“, рекол Тарек Тавфик, претседател на Меѓународното здружение на египтолози и поранешен директор на Големиот египетски музеј.
Тој додал дека решил да ја отвори гробницата на Тутанкамон за посетителите да можат да го имаат „целосното искуство“ што го имал Хауард Картер пред повеќе од 100 години.Се очекува Големиот египетски музеј, чија изградба чинела околу 1,2 милијарди долари, да привлече до осум милиони посетители годишно.Тука е изложен и 4.500 години стариот Кеопсов брод, кој е еден од најстарите и најдобро зачуваните бродови од антиката. Идејата за изградба на Големиот египетски музеј била предложена уште во 1992 година за време на владеењето на Хосни Мубарак, а изградбата започнала во 2005 година.
Фото:klix.ba

