Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во споредба со соседните земји. Од 25 август, Еуросупер БС-95 се продава по 93 денари за литар, или околу 1,51 евро, додека дизелот чини 101,5 денари, односно приближно 1,65 евра. Цените на горивото во Косово и Бугарија се најблиски до македонките, па така бензинот е околу 1,53 евра, додека дизелот се продава за околу 1,79, односно 1,77 евра за литар. Значително поскапо е во Србија, каде бензинот чини околу 1,72 евра, а дизелот 1,97 евра за литар. Во Грција цените се приближуваат до границата од две евра, додека најскапо меѓу…
Автор: Никола Тасев
Шест недели по случајот со загадената вода во Гостивар, СДСМ бара од надлежните да го објават целосниот извештај и сите анализи за квалитетот на водата. Од партијата тврдат дека повеќе од 5.000 граѓани завршиле во болниците и прашуваат зошто јавноста сè уште нема увид во комплетната документација. СДСМ потсетува дека министерот за здравство Сашко Клековски најавил оти на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај и бара одговор каде е целосниот документ. Според партијата, за време на кризата граѓаните добивале различни информации – најпрво дека водата не е безбедна за пиење, потоа дека може да се користи само за технички…
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Мерката ќе важи до 30 септември и предвидува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти. За трговците на мало е предвидено намалување од најмалку 15 проценти. Со мерката се опфатени ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи, пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари и дидактички материјали. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ова е трета година по ред како се воведува таканаречената училишна кошничка пред почетокот на учебната година. Целта, според партијата, е да се намалат септемвриските трошоци на родителите и…
Епидемијата на ебола во Уганда е завршена, потврди Светската здравствена организација, но во соседната Демократска Република Конго ситуацијата сè уште не е ставена под контрола. Владата на Уганда на 28 јули прогласи дека земјата е ослободена од болеста, откако беа регистрирани 20 случаи и два смртни случаи. СЗО продолжи да ја следи состојбата до оваа недела за да се потврди дека синџирот на пренесување на вирусот е целосно прекинат. Во Демократска Република Конго, пак, бројот на заразени продолжува да расте и покрај напорите на здравствените власти за ограничување на епидемијата. Директорката на СЗО за вонредни состојби во Африка, Мари Розелин…
Поради планирани технички интервенции, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода. Без струја од 5 до 7 часот ќе бидат корисниците од улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин на електричната енергија е најавен и од 9 до 12 часот за подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, улица „Сердарот“. Истовремено, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“, без вода ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Од надлежните претпријатија информираат дека прекините…
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на посетата на Москва ја предупредил Русија да не презема напади врз земјите членки на НАТО, објавуваат „Волстрит журнал“ и „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори. Според „Политико“, Ретклиф посебно предупредил на можноста од ескалација на војната во Украина која би можела да ги вклучи источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Американскиот разузнавачки шеф, наводно, побарал од Кремљ да ја намали и воената и финансиската поддршка за Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Ретклиф престојувал во Москва на разговори меѓу безбедносните служби, но нагласи дека немал средба со рускиот претседател…
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а максималните температури ќе се движат од 31 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура до 39 степени. За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево и топло време, но попладне на повеќе места се очекува нестабилност. Локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места процесите може да бидат во форма на невреме. При поинтензивните…
Најмалку 162 лица загинаа, во катастрофалните поплави што го погодија Непал. Полицијата соопшти дека нивните тела се пронајдени, а се уште стотици луѓе и натаму се водат како исчезнати. Според непалските туристички власти, исчезнати се 579 туристи, од кои повеќе од 400 се странски државјани. Меѓу исчезнатите има најмногу државјани на Индија, а се трага и по десетици туристи од Украина, Австралија, Велика Британија, САД, Канада, Малезија, Јапонија и Јужна Кореја. На тибетската страна од границата се водат како исчезнати уште 558 лица, меѓу кои 260 странци, но засега не е јасно дали дел од овие бројки се преклопуваат. Непалската…
Колумбиската влада разгледува необичен план еден брод на морнарицата да биде претворен во строго чуван затвор за водачите на најопасните криминални организации. Проектот предвидува криминалните босови да бидат целосно изолирани за да не можат од затвор да организираат изнуди, закани и други криминални активности. На проектот, наречен „Стратегија за специјален поморски затвор со висока безбедност“, работат министерствата за одбрана и правда и Националниот институт за затвори и казнено-поправни установи. Планот сè уште е во фаза на подготовка и бродот-затвор не е ставен во употреба. Колумбија, сепак, има искуство со ваков начин на изолација на криминални босови уште од 2007 година.…
Македонија ја очекува нов период на многу топло и претежно сончево време, а највисоки температури се прогнозираат за петок и сабота. Во двата дена дневната температура ќе достигнува до 39 степени, додека утринската ќе се движи околу 18 степени, со минимална веројатност за врнежи. Во недела ќе остане претежно сончево и многу топло, но температурата ќе се намали за неколку степени и ќе достигне до 36 степени. Почетокот на следната недела повторно ќе донесе високи температури, со максимални 38 степени во понеделник и околу 36 во вторник. Стабилното и сончево време ќе продолжи и во среда, кога дневната температура ќе…