Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Три децении од трагедијата кај Берово, кога удари од гром усмртија девет, а повредија над 50 верници
    Република

    Три децении од трагедијата кај Берово, кога удари од гром усмртија девет, а повредија над 50 верници

    29/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денеска, 29 август, се навршуваат 30 години од трагедијата кај Берово, кога удари од гром усмртија девет лица, а повредија повеќе од 50 верници собрани кај манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“. Несреќата се случи на 29 август 1996 година, ден по Голема Богородица, бидејќи народниот собир и заедничкиот ручек биле поместени за следниот ден за на трпезата да може да се послужи месо од јагнињата дарувани од верниците.

    Кај црквата, на околу половина километар од Берово кон Беровското Езеро, според тогашните процени биле собрани меѓу 10.000 и 20.000 луѓе од различни делови на Македонија. Околу 15 часот небото за кратко време се затемнило, удриле громови и започнал силен дожд, а само неколку минути подоцна повторно се појавило сонце. Сведоштвата за бројот на ударите се разликуваат, но дел од очевидците раскажувале дека гром погодил во оградата и орев во дворот, а друг во просторот каде што биле поставени големите метални казани за подготовка на ручекот.

    За само неколку минути празничниот собир се претворил во хаос, со луѓе кои паѓале на земјата, повредени со изгореници и стотици присутни кои се обидувале да најдат засолниште во малиот храм. Во трагедијата животот го загубиле девет лица, а според различни извори биле повредени меѓу 40 и 52 луѓе, од кои потешко повредените биле пренесувани на лекување во Кочани.

    Беровскиот здравствен дом ги мобилизирал сите расположливи медицински екипи, а во градот истиот ден пристигнале и тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот за одбрана Благој Ханџиски. Трагедијата подоцна била документирана и во книгата „Плачеше цела Малешевија“ на новинарите Љубинка Клинчарска и Васил Маневски, во која биле собрани сведоштва, фотографии и приказни за загинатите.

    Меѓу населението со години се пренесувало верувањето дека поместувањето на собирот претставувало непочитување на празникот и дека Голема Богородица „зела курбан“, иако станува збор за народно предание без проверлива потврда. Од научен аспект, последиците од ударите може да се објаснат со ширењето на електричната струја преку влажната почва, металната ограда, дрвјата и другите проводници во простор во кој во тој момент имало илјадници луѓе. Три децении подоцна, секоја Голема Богородица во Малешевијата го враќа споменот на деветте луѓе кои на 29 август 1996 година заминале на традиционалниот собир кај Берово и никогаш не се вратиле дома.

    Поврзани вести:

    Нема поголеми задржувања на Богородица и Табановце

    Нема поголеми задржувања на Богородица и Табановце

    Пет пожари сè уште активни, за едно деноноќие регистриран 31 пожар

    Пет пожари сè уште активни, за едно деноноќие регистриран 31 пожар

    Денес сонце и високи температури, попладне можно невреме со град

    Денес сонце и високи температури, попладне можно невреме со град

    АМСМ: Се намалија гужвите на Богородица и Табановце

    АМСМ: Се намалија гужвите на Богородица и Табановце

    Големи гужви на Богородица: Македонци масовно тргнаа на продолжен викенд во Грција

    Големи гужви на Богородица: Македонци масовно тргнаа на продолжен викенд во Грција

    Мицкоски на литургија во Осоговскиот манастир: Да го чуваме наследството што ни е оставено

    Мицкоски на литургија во Осоговскиот манастир: Да го чуваме наследството што ни е оставено

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нема поголеми задржувања на Богородица и Табановце

    29/08/2026

    Пет пожари сè уште активни, за едно деноноќие регистриран 31 пожар

    29/08/2026

    Денес сонце и високи температури, попладне можно невреме со град

    29/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.