Автор: Никола Тасев

Во земјава досега се евидентирани вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Од нив, 50 случаи се потврдени, додека тројца пациенти се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај вкупно 52 пациенти е регистрирана невроинвазивна форма на заболувањето, а досега се евидентирани пет смртни случаи. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 21 пациент, од кои шест се на интензивна нега, додека 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување. Клековски информираше дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиниките и за матичните лекари,…

Прочитај Повеќе

Поради планирани технички интервенции, утре, 27 август, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода. Без струја од 5 до 7 часот ќе бидат корисниците од улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин на електричната енергија е најавен и од 9 до 12 часот за подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, улица „Сердарот“. Истовремено, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“, без вода ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности. Од надлежните претпријатија информираат…

Прочитај Повеќе

Во текот на денешниот ден се регистрирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсериозна останува состојбата со големиот пожар на Китка, каде сè уште се активни неколку краци, а во гаснењето се вклучени и „ер тракторите“. Ангелов изрази оптимизам дека во текот на денешниот или утрешниот ден пожарот ќе биде ставен под делумна контрола, иако е проширен на голема територија. Тој предупреди дека интензитетот на пожарите сè уште не се намалува и посочи дека дел од нив се предизвикани од неодговорно однесување на граѓаните. Според Ангелов, има и случаи во кои…

Прочитај Повеќе

Најмалку 103 лица загинаа, а 384 се водат како исчезнати по катастрофалните ненадејни поплави во пограничниот регион меѓу Непал и Тибет. Меѓу исчезнатите се дури 291 странски државјанин, соопшти туристичкиот одбор на Непал. Според досегашните информации, меѓу нив има 105 државјани на Индија и 12 Британци, додека националноста на уште 111 лица сè уште не е потврдена. Поплавите предизвикале огромни штети, а цели села и патишта се затрупани со дебели слоеви кал, камења и друг материјал. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите, а непалските власти побарале помош и од спасувачки тимови од Кина и Индија. Според прелиминарните информации на…

Прочитај Повеќе

Засилени акции за прскање против комарци синоќа беа спроведени во три скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба и Карпош. Активностите се реализираат во координација со Град Скопје и Центарот за јавно здравје, во период кога се преземаат дополнителни мерки за справување со западнонилската треска. Во Кисела Вода третирањето започнало во 22 часот, а со специјализирани возила биле опфатени критичните подрачја со зголемено присуство на возрасни комарци. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска информира дека Општината досега реализирала три третмани против возрасни комарци и една акција за сузбивање на ларвите. Според неа, Град Скопје досега извршил вкупно 14 дезинсекции, а активностите ќе…

Прочитај Повеќе

Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија во изминатото деноноќие, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. На подрачјето на општините Студеничани и Зелениково активен е пожарот на потегот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде што гори мешана шума. Активен пожар има и кај гостиварското село Трново, каде што исто така е зафатена мешана шума. Третиот активен пожар е над селото Нежилово во Општина Чашка, каде што огнот зафатил смреки. Под контрола е ставен пожарот…

Прочитај Повеќе

Десетици пожари се регистрирани низ земјите од Балканскиот полуостров, а пожарникарските екипи на повеќе локации водат тешка битка со огнената стихија. Во Босна и Херцеговина пожар е активен на планината Требевиќ во близина на Сараево, каде што гаснењето го отежнуваат силниот ветер, сувата вегетација и непристапниот терен. Неколку пожари има и во областа Требиње, додека во селото Врановина кај Фоча огнот зафатил трева и ниска вегетација и уништил две куќи и неколку помошни објекти, но нема повредени. Сериозна е состојбата и во Црна Гора, каде што пожари се активни на подрачјата на Подгорица, Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње, Никшиќ и…

Прочитај Повеќе

Нафтен танкер е погоден со неидентификуван проектил во близина на брегот на Оман, соопшти британската служба за поморски трговски операции – УКМТО. Инцидентот се случил на околу 17 километри североисточно од местото Аш Шишах. Проектилот ја погодил машинската просторија и го онеспособил танкерот, но сите членови на екипажот се безбедни. Засега не е познато каков проектил бил употребен, ниту кој стои зад нападот, а надлежните служби ги истражуваат околностите. Нема информации ниту дали нападот предизвикал истекување на нафта или други последици врз животната средина. Инцидентот се случил во близина на Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт…

Прочитај Повеќе

Силно торнадо го погоди селото Помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета. Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици…

Прочитај Повеќе

Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта биле погодени повеќе локации во Русија, меѓу кои и логистички центри на интернет продавачот „Озон“. Во Краснодар, по пад на остатоци од дрон врз приватен центар за деца, загинале две деца, а повредени се уште девет лица, меѓу кои седум деца, соопшти гувернерот Венијамин Кондратјев. Остатоци од беспилотните летала паднале и врз станбени згради и објекти во изградба, а на повеќе места избувнале пожари. „Озон“ потврди дека пожар избувнал во неговиот логистички центар во Краснодар, од каде вработените биле евакуирани и според првичните информации нема повредени. Нападнат бил и логистички…

Прочитај Повеќе