По утринските гужви поради продолжениот викенд, попладневната информација на Авто-мото сојузот на Македонија покажува дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Претпладнето, на Табановце и Богородица се чекаше околу 45 минути, поради зголемената фреквенција на возила.
Во текот на попладневните часови сообраќајот на граничните премини е нормализиран и засега нема поголеми колони. Нови гужви се очекуваат во недела, кога поголем број македонски граѓани ќе се враќаат во земјава по продолжениот викенд.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
