Новиот шеф на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, ги предупреди соседните земји да не се приклучуваат кон американските напори за економска изолација на Иран. Тој се закани дека Техеран би можел да ги нападне алтернативните рути за транспорт на нафта надвор од Персискиот Залив доколку земјите од регионот се вклучат во, како што го нарече, американскиот „економски рат“. Резаи порача дека Иран досега напаѓал американски воени бази, но предупреди дека следни цели би можеле да бидат американски нафтени компании и други економски интереси во регионот. Заканите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања за економски…
Автор: Никола Тасев
Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Меѓу поголемите пожари беше и оној што вчера околу пладне се прошири кон Струмица и месноста Софилар, но огнот во меѓувреме е ставен под контрола. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, под контрола е целиот потег од селата Водоча и Баница до Софилар, а активно останува само едно тешко пристапно жариште кај Водоча. Во еден момент пламените јазици навлегле во дворовите на куќите и викендичките во Софилар, но според…
Единицата за брзо распоредување синоќа во Битола одбележа 25 години од формирањето, со свеченост пред Офицерскиот дом посветена на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР денес е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем. Тој нагласи дека припадниците на единицата се ангажираат во најсложените полициски операции, при нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем и во ситуации кои бараат брза и организирана реакција. Тошковски посочи дека современите безбедносни ризици и сè пософистицираниот организиран криминал бараат подобра…
Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 40 степени. Попладне на места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално е можно и невреме со силен ветер и град. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 37 степени, а попладне во делови од котлината е можен краткотраен пороен дожд со грмежи. Според УХМР, во текот на новата седмица дневните температури ќе се намалат за неколку степени. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град се очекува…
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја започнува предизборната кампања без резултати во клучните области и затоа, според партијата, повторно отвора теми за меѓуетнички поделби и тензии. Од СДСМ ваквата политичка стратегија ја нарекуваат „операција Талог“ и тврдат дека нејзината цел е мобилизирање на тврдото гласачко тело преку национални и идентитетски прашања. Партијата наведува дека власта нема доволно резултати во економијата, здравството, образованието, земјоделството и дипломатијата, додека економската состојба на граѓаните станува сè потешка. Според СДСМ, темите за патриотизам веќе не го даваат очекуваниот политички ефект, поради што власта се насочува кон меѓуетничките односи. Од партијата тврдат дека во…
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Обвинителството дека предметот за модуларните болници со години бил држен во фиока, а сега завршува без утврдена одговорност за поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Од партијата потсетуваат дека предметот бил оформен на 10 септември 2021 година, два дена по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, одговорноста на Филипче треба да се разгледува и преку начинот на кој биле регулирани и поставувани модуларните болници, кои со законски измени биле категоризирани како „урбана опрема“. Партијата тврди дека објектите не биле запишани во катастар, немале владина одлука за трајно користење и немале…
Ирска ја потресе тешка сообраќајна несреќа во која загинаа петмина тинејџери, а случајот отвори голема дебата за опасните трендови на ТикТок и другите социјални мрежи. Младите се движеле со БМВ во спротивна насока на автопатот М9 кога се судриле со автомобил во кој патувале три сестри и седумгодишно дете, кои биле тешко повредени. Полицијата верува дека тинејџерите претходно провалувале во куќи и автомобили и дека со опасното возење се обидувале да предизвикаат полициска потера, додека дел од нив и порано објавувале слични снимки на интернет. Експертите предупредуваат дека социјалните мрежи дополнително го поттикнуваат ваквото ризично однесување, бидејќи младите истовремено возат…
Тетовските противпожарни екипи во текот на целата ноќ се бореа со пожарот кај селото Церово во Општина Желино, обидувајќи се да го спречат неговото натамошно ширење. Екипите на ТППЕ Тетово биле распоредени на критичните точки околу селото и директно интервенирале на огнената линија. На терен биле и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и командантот на тетовската противпожарна единица, Авни Ахмети, кои ја координирале интервенцијата. Целта на екипите е пожарот целосно да биде ставен под контрола и да се спречи негово проширување кон околината. Од ЦУК информираат дека состојбата продолжува внимателно да се следи за навремена реакција…
Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се лабораториски потврдени, а според досегашните информации има и 4 починати лица како последица на инфекцијата. Здравствените власти веќе мапирале 34 ризични области, од кои 13 се оценети како високо ризични, а за првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир. Дополнителен сигнал за присуството на вирусот е и првиот потврден случај кај мртов гавран во Скопје, додека како критични точки се посочуваат застоените води, каналите за наводнување, септичките јами и други места погодни за размножување комарци. Но, Македонија не е изолиран случај –…
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во Криви Рих, соопштија украинските власти. Меѓу повредените има 23 деца, а 29 лица се здобиле со тешки повреди. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот врз неговиот роден град бил изведен во два брана. Вториот удар следувал околу половина час по првиот, кога спасувачките и полициските екипи веќе биле на местото на нападот. Според локалните власти, во вториот напад бил употребен дрон од типот „Шахед“ со млазен погон, а беспилотните летала се движеле на исклучително мала височина. По нападот започнала евакуација на посетителите…