Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Почна новата учебна година – во клупите седнаа 238.000 ученици, меѓу нив 14.952 првачиња
    Република

    Почна новата учебна година – во клупите седнаа 238.000 ученици, меѓу нив 14.952 првачиња

    01/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новата учебна година денеска започна за околу 238.000 ученици во основните и средните училишта низ Македонија. Од нив, 174.000 се основци, 64.000 средношколци, а за првпат во училишните клупи седнаа 14.952 првачиња. Наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе ја завршат учебната година на 17 мај.

    Според Министерството за образование и наука, обезбедени се учебници за сите ученици, а годинава се набавени 622.000 примероци. Целосно нови учебници се обезбедени за прво, второ и трето одделение, како и за осмо одделение и втор клас во гимназиското образование, каде што ќе се учи според нови наставни програми.

    Во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти во основното и средното образование наставата ќе се одвива во една смена. За учениците со посебни образовни потреби се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основните и 166 во средните училишта. Во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта, а во следните месеци е најавен почеток на уште 15 вакви проекти. Завршени се реконструкции во дваесетина училишни објекти и спортски сали, се градат четири нови сали, а во тек се и околу 50 капитални инвестиции во образовната инфраструктура.

    Новата учебна година, сепак, почнува со продолжување на негативниот демографски тренд, поради што 26 подрачни училишта без запишани ученици времено се затвораат, а вкупно 148 училишни објекти во земјава се празни. Поради оптимизацијата на училишната мрежа, годинава ќе има 433 паралелки помалку – 222 во основното и 211 во средното образование.

    Поврзани вести:

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Сончево време денеска, од утре следува дожд, грмежи и пад на температурите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    Вештакот останува на ставот дека во „Пулс“ немало реконструкција, обвинителството ги оспорува наодите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    20/10/2026

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.