Македонија и натаму е меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, покажува споредбата на цените на бензинот и дизелот на 31 август. Дизелот во Македонија чини 95 денари за литар и е најевтин меѓу седумте споредени земји. Во Босна и Херцеговина литар дизел се продава за 106 денари, во Хрватска за 110, во Црна Гора за 115, а во Србија за 121 денар. Најскап дизел има во Албанија, каде литар чини 136,5 денари, додека во Грција цената е 125 денари.
Кај бензинот БС-95, најниска цена има Босна и Херцеговина со 92 денари за литар, а Македонија е веднаш зад неа со 94 денари. Во Хрватска бензинот чини 103 денари, во Србија 106, а во Црна Гора 108 денари за литар. Најскап бензин меѓу споредените земји имаат Албанија и Грција, каде цената изнесува 125 денари за литар. Според овие цени, Македонија има најевтин дизел во регионот и втор најевтин бензин БС-95, веднаш зад Босна и Херцеговина.
