Единаесет членки на Европската Унија, меѓу кои Германија и Франција, побараа промена на начинот на кој се носат одлуките за заедничката надворешна и безбедносна политика, објави „Политико“. Наместо сегашното правило за едногласност на сите 27 членки, тие предлагаат одредени одлуки во иднина да можат да се усвојуваат со квалификувано мнозинство. Со сегашниот систем секоја земја членка има можност со вето да блокира одлука со која не се согласува. Иницијативата ја поддржуваат Германија, Франција, Австрија, Шведска, Данска, Финска, Белгија, Холандија, Романија, Луксембург и Шпанија. Нивните министри за надворешни работи испратиле заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна…
Автор: Никола Тасев
Претседателите на Кина, САД и Русија, Си Џинпинг, Доналд Трамп и Владимир Путин, би можеле да одржат трилатерална средба во Кина во ноември. Можноста ја најави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, говорејќи за претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка. Според Ушаков, Си Џинпинг како домаќин посочил дека се очекува Трамп да пристигне во Кина, додека Путин исто така е поканет. Тој нагласи дека доколку сè се одвива според најавените планови, би можело да се организира заедничка средба на тројцата лидери. Самитот е предвидено да се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенжен. Путин деновиве учествува на…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно, соопшти УХМР. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да прераснат во невреме со силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 35 степени, но во делови од котлината има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Нестабилно време во попладневните часови се очекува…
Светскиот тенор Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди заедно ја изведоа „Едно име имаме“ пред преполниот Плоштад Македонија во Скопје. Заедничката изведба беше еден од најемотивните моменти на големиот концерт организиран по повод 35 години независност на Македонија. Кога започна познатата песна, илјадниците граѓани на плоштадот се приклучија на изведувачите и просторот се претвори во голем хор. Публиката со овации ја проследи изведбата на Карерас и македонските музичари. Светски познатиот тенор беше главна ѕвезда на концертната вечер во центарот на Скопје. Пред неговиот настап, на сцената се претставија повеќе познати македонски музички имиња, меѓу нив беа Влатко Стефановски, Каролина Гочева,…
Новата учебна година денеска започна за околу 238.000 ученици во основните и средните училишта низ Македонија. Од нив, 174.000 се основци, 64.000 средношколци, а за првпат во училишните клупи седнаа 14.952 првачиња. Наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, додека матурантите ќе ја завршат учебната година на 17 мај. Според Министерството за образование и наука, обезбедени се учебници за сите ученици, а годинава се набавени 622.000 примероци. Целосно нови учебници се обезбедени за прво, второ и трето одделение, како и за осмо одделение и втор клас во гимназиското образование, каде што ќе се учи според нови наставни програми.…
Руските напади со дронови врз Киев продолжија и синоќа, додека украинската противвоздушна одбрана дејствувала над главниот град, соопштија украинските власти. Според „Киев индипендент“, неколку руски дронови биле соборени над градот, а силна експлозија го потресла центарот на Киев пред полноќ. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека како последица на нападите и падот на остатоци од соборените летала избувнале пожари во повеќе делови од градот. Во Дарницкиот реон избувнал пожар по пад на соборен дрон, додека во Соломјанскиот реон била зафатена површина под шума. Остатоци од дронови биле пронајдени и на две локации во реонот Холосиивски, според информациите на локалните власти. Ова…
Од денеска стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Возилата и натаму ќе можат бесплатно да се задржат до 10 минути за оставање или преземање патници, но оваа можност ќе може да се искористи само еднаш во период од 24 часа. Контролата ќе се врши преку систем за автоматско препознавање и евидентирање на регистарските таблички. Од ТАВ Македонија велат дека целта е да се спречат злоупотребите, да се намали метежот пред терминалот и да се овозможи побрз проток на возила. За подолго задржување или повеќекратно доаѓање, возачите ќе…
Бројот на исчезнати по тешката поморска несреќа кај северниот брег на Кипар се зголеми на 20, додека најмалку осум лица загинаа, соопштија локалните власти. Претходните информации беа дека се трага по 18 лица, а спасувачката операција продолжува и денеска. Траектот се преврте во неделата, непосредно по испловувањето од пристаништето Киренија кон Мерсин во јужна Турција. На бродот имало вкупно 267 лица, од кои 259 патници и осум членови на екипажот. Капетанот, седум членови на екипажот и директорот на компанијата што управувала со траектот се изведени пред суд во Киренија. Според заменикот на полицискиот комесар Мехмет Манас, дошло до пукање на…
Тиквеш со играч помалку повеќе од еден час успеа да остане непоразен против актуелниот шампион Вардар, одигрувајќи 1-1 во последниот натпревар од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани поведоа во 21. минута, кога по нафрлување од слободен удар Ибрахима Фал со глава ја затресе мрежата на гостите. Само четири минути подоцна судијата Грујоски, по прегледување на ВАР-снимката, му покажа директен црвен картон на Лавал по дуелот со Филип Најдовски, оставајќи го Тиквеш со десет фудбалери. Вардар ја искористи бројната предност во 40. минута, кога по центаршутот на Давид Бабунски, Азер Омерагиќ со глава израмни на 1-1. И покрај…
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени, информира УХМР. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 37 степени и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во среда и четврток се очекува поизразена нестабилност со локално невреме, засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за град. Во петок и за време на викендот повторно ќе преовладува сончево и топло време со мала до…