Кошаркарскиот клуб Куманово пред стартот на новата сезона во македонската Супер-лига обезбеди значајно засилување. Нов член на тимот е македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, кој ќе претставува големо засилување за составот предводен од искусниот тренер Марин Докузовски. Мекиќ со раководството на Куманово договорил посебни услови, а во договорот има вградена клаузула според која може да го напушти клубот само доколку добие понуда од странски тим. За репрезентативецот ова ќе биде враќање во добро позната средина. Мекиќ повторно ќе го облече дресот на Куманово по пауза од неколку години, откако претходно настапуваше за овој клуб во периодот од 2017 до 2019 година.…
Автор: K.
Франција се соочува со голем бран средношколски протести кои се проширија низ земјата, при што најмалку 119 лица се повредени, а стотици се приведени. Незадоволството на учениците започна минатата недела поради недостиг на наставници, лошата состојба на училишните објекти и проблемите во образовниот систем, а дополнително се засили откако се приклучија кон протестите на јавниот сектор. Во повеќе градови беа организирани блокади пред средните училишта. Во Сен Дени, северно од Париз, учениците ги блокираа влезовите во училиштата, додека полицијата беше распоредена за да ја контролира ситуацијата. Слични инциденти беа регистрирани и во Лион и Лил, каде дел од демонстрантите фрлале…
Македонија се вброи меѓу европските пазари со најголем раст на патничкиот воздушен сообраќај во август годинава, покажува најновиот извештај на Европското здружение на аеродроми (ACI EUROPE), кој ги анализира резултатите за август 2026 година во споредба со истиот месец лани. Според извештајот, Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал раст на патничкиот сообраќај од 34,8 проценти во однос на август 2025 година, со што се позиционира меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, односно аеродроми со меѓу еден и десет милиони патници годишно. Со овој резултат, Скопје се најде на петтото место во Европа, зад Братислава (75,9 проценти), Трапани (52,3), Подгорица (47,6),…
Осумнаесетгодишно момче од Кочани е пријавено дека физички ја нападнало својата мајка и оштетило дел од покуќнината во семејниот дом. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 септември во 18:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршиле службен разговор со Д.И. (18), откако претходно било пријавено дека истиот ден околу 12:00 часот ја нападнал својата 37-годишна мајка. Во пријавата е наведено и дека при инцидентот бил оштетен дел од покуќнината во домот. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кристијано Роналдо одржал итен состанок со селекторот на Португалија, Жорже Жесус, по реакциите што се појавија откако искусниот напаѓач остана на клупата во текот на целиот натпревар против Норвешка во Лигата на нации. Според првичните информации, двајцата разговарале и ги расчистиле недоразбирањата, откако 41-годишниот Роналдо за првпат од 2008 година не доби ниту една минута во дресот на националниот тим. Сепак, медиумите подоцна објавија дека капитенот на Португалија го напуштил репрезентативниот камп веднаш по прес-конференцијата на селекторот Жесус, што дополнително ги засили шпекулациите за неговиот статус во репрезентацијата. Жесус не ја криеше фрустрацијата што може да ја почувствува секој голем…
Околу 30.000 граѓани денеска учествуваа во големата акција за расчистување на Скопје, испраќајќи силна порака за заедничка грижа за животната средина и јавниот простор. Во акцијата се вклучија волонтери, градоначалници, претставници на дипломатскиот кор, јавни личности, млади и голем број граѓани од различни делови на градот. Со заеднички ангажман беа расчистувани паркови, улици, населби и други јавни површини, со цел Скопје да стане почисто, поуредено и попријатно место за живеење. „Околу 30.000 вредни и посветени луѓе денеска покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро“, порачаа организаторите, нагласувајќи дека ваквите иницијативи придонесуваат за развивање на свеста за…
Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува да се соочува со сериозен резултатски пад. Националниот тим е веќе десет натпревари без победа, а негативната серија во нападот достигна 607 минути без постигнат погодок. Под водство на селекторот Гоце Седлоски, Македонија одигра шест натпревари со биланс од четири порази и две нерешени средби. Во тој период репрезентацијата не успеа да ја затресе противничката мрежа ниту еднаш, односно цели 540 минути остана без гол. Интересно е што во овие шест натпревари Седлоски им даде шанса на дури 42 фудбалери. Иако три од средбите беа официјални и натпреварувачки, што остава помал простор за експерименти, селекторот…
Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на турнирот во Пекинг, совладувајќи го Португалецот Нуно Боржеш со 2:0 во сетови (6:3, 7:6(2)). За српскиот тенисер ова е прва победа по настапот на Вимблдон. Со овој триумф, Ѓоковиќ ја продолжи својата неверојатна серија во кинеската престолнина, каде што останува непоразен со максимален учинок од 30 победи во исто толку натпревари. Воедно, ова беше негов прв настап во Пекинг по пауза од 11 години. Србинот одлично го отвори натпреварот, веднаш направи брејк и поведе со 3:0 во првиот сет. Иако Боржеш се закани во седмиот гем и стигна до две брејк-топки, Ѓоковиќ со…
Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за организиран и сериозен криминал, денеска спроведува координирана полициска акција на територијата на повеќе градови во државата. Акцијата се реализира под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и е насочена кон откривање и сузбивање на кривични дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од МВР засега не откриваат повеќе детали за активностите што се спроведуваат на терен. Повеќе информации за преземените мерки, евентуалните приведувања и резултатите од акцијата, Министерството најави дека ќе соопшти по нејзиното целосно…
Основниот кривичен суд Скопје изрече затворски казни за службеничка од Министерството за внатрешни работи и двајца обвинети возачи, откако тие ја признаа вината во случајот со незаконско внесување и издавање фалсификувани возачки дозволи. На службеничката, која работела како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи во Скопје, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Двајцата обвинети возачи добија по една година и три месеци затвор, а Судот им ја продолжи мерката притвор на сите тројца. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје, во периодот од септември 2020 до август 2026 година службеничката ги…