Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски
    Скопје

    Каменик конечно ќе добие вода за пиење, по водоводот следува и нов асфалт, најави премиерот Мицкоски

    14/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Жителите на населбата Каменик во Општина Кисела Вода ќе добијат нов систем за водоснабдување, како дел од заеднички проект на локалната самоуправа и Владата.

    Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на терен најави дека со реализацијата на проектот конечно треба да се реши долгогодишниот проблем со обезбедување вода за пиење за жителите на овој дел од општината.

    „Како што вчера најавив, полека, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати ќе ги отпочнуваме“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека станува збор за проект во кој заеднички учествуваат Владата и Општина Кисела Вода.

    Според него, приоритет е поставувањето на подземната водоводна инсталација, а по завршувањето на тие работи ќе следува и реконструкција на патната инфраструктура.

    „Откако ќе биде завршена оваа подземна инсталација, следен чекор е да го поминеме и патот со нов асфалт“, рече премиерот.

    Мицкоски нагласи дека проектите се реализираат според утврдени приоритети и дека целта е да се одговори на потребите на граѓаните.

    „Плански се работи, систематски се работи, потребите се јасни, а ние како Влада нашата задача и цел е да одговориме на тие потреби согласно нашите можности“, порача тој.

    Премиерот упати благодарност до градоначалничката на Кисела Вода, општинските советници, пратениците, Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, посочувајќи дека проектот е резултат на соработка меѓу повеќе институции.

    Од Владата очекуваат дека со изградбата на водоснабдителниот систем и последователното асфалтирање ќе се подобрат условите за живот на жителите на Каменик и ќе се реши еден од најзначајните инфраструктурни проблеми во оваа населба.

    Поврзани вести:

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    13 Ноември – денот кога Скопје ја избори својата слобода

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

    Ѓорѓиевски: Во тек е темелна обнова на жичарата на Водно, повторно ќе биде пуштена следниот месец

    Ѓорѓиевски: Во тек е темелна обнова на жичарата на Водно, повторно ќе биде пуштена следниот месец

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    По повод празникот на градот, деца од скопските градинки креираа макети на значајните објекти во Скопје

    13/11/2026

    Новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково ги отвори вратите за најмалите жители

    13/11/2026

    Четири скопски општини денеска без струја поради планирани интервенции

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.