Петнаесетгодишен ученик бил приведен во средно училиште во Тетово, откако полициски службеници кај него пронашле пиштол и рамка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот се случил вчера околу 14:40 часот, кога полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, извршиле преглед на малолетникот.
При прегледот кај него бил пронајден и одземен пиштол „Зораки 918-Г“ со калибар 9 милиметри, како и една рамка.
По интервенцијата, малолетникот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
