Автор: K.

Жителите на делови од општините Гази Баба и Чаир денеска ќе останат без вода поради планирани работи и дефект на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Од 8:30 часот без вода ќе бидат корисниците во дел од населбата Маџари и новата населба Хиподром, додека жителите на Трубарево ќе имаат намален притисок во водоводната мрежа. Причина за прекинот е изведба на нов приклучок на водоводна линија Ф-150 на улицата 1657/7 во Хиподром, како и интервенција на мрежата Ф-100 на улицата „Благоја Стефковски“, во близина на последната автобуска станица на линијата 50. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на…

Прочитај Повеќе

Израелската безбедносна служба Шин Бет разгледува воведување дополнителни мерки за заштита на лидерите на политичките партии кои во моментов не се дел од власта, поради зголемената загриженост за можни закани кон политичките личности. Препораката е поврзана со фактот дека во земјата не постои формализиран систем за обезбедување на лидерите на партии кои немаат владини функции, иако нивната политичка улога може да ги направи потенцијални цели. Според израелските закони, Шин Бет е надлежна за заштита на државните институции и високи функционери, меѓу кои премиерот, одредени министри и други лица за кои владата ќе процени дека имаат потреба од посебна безбедносна заштита.…

Прочитај Повеќе

Кристијано Роналдо ја напушти базата на португалската репрезентација, а неговата одлука предизвика нови реакции откако се огласи и неговата сестра Елма Авеиро со жестока порака до јавноста. Роналдо претходно потврди дека заминал од репрезентативниот камп по разговорот со селекторот и претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, решив да го напуштам кампот на репрезентацијата. Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците вистината за причините што доведоа до моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум бил посветен. Сега е време да им посакам среќа…

Прочитај Повеќе

Дивите животни не се само дел од природниот баланс, туку имаат активна улога и во процесите што влијаат врз климатските промени, покажува ново научно истражување објавено во списанието „Глобал чејнџ бајолеџи“ (Global Change Biology). Истражувањето се надоврзува на „Научниот консензус за диви животни и климата“, иницијатива започната во јуни годинава, која ја нагласува важноста на дивиот свет во ублажувањето на последиците од климатската криза. Документот досега го поддржале повеќе од 350 научници од целиот свет. Студијата „Дивите животни и климата“ е изработена од 13 научници, кои се дел од иницијативата, а нејзиното објавување доаѓа во пресрет на Климатската конференција на…

Прочитај Повеќе

Многумина се наоѓаат во ситуација да одмрзнат месо за подготовка на оброк, а потоа да им се променат плановите. Во таков случај, месото не мора веднаш да заврши во отпад, но безбедноста зависи од начинот на кој било одмрзнувано и колку време поминало во фрижидер. Месо кое се одмрзнувало исклучиво во фрижидер и било правилно складирано може повторно да се замрзне. Најчесто се препорачува тоа да се направи во рок од еден до два дена по одмрзнувањето. Клучно е месото никогаш да не било оставено на собна температура. Температурниот опсег меѓу околу 4 и 60 степени Целзиусови создава услови во…

Прочитај Повеќе

Тројца луѓе биле пренесени во болница откако почувствувале кожни иритации по отворање сомнителна поштенска пратка во седиштето на Воената полиција во Нова Демба, во југоисточна Полска. Инцидентот се случил на 30 септември, а според информациите на полското радио РМФ ФМ, пратката пристигнала од Германија и содржела разгледница. При отворањето на пликот не била забележана никаква истурена супстанција, но двајца припадници на воената полиција и еден цивил кој се наоѓал во просторијата почувствувале иритација на кожата на лицето и рацете. Тие веднаш биле упатени на медицински преглед. Како дополнителна мерка на претпазливост, четворица припадници на полиција биле изолирани, иако кај нив…

Прочитај Повеќе

Подобрувањето на интимниот живот не бара следење комплицирани совети и совршени сценарија, туку искрена комуникација меѓу партнерите. Ова е пораката на сексуалната експертка Синди Галоп, која смета дека многу парови непотребно се оптоваруваат со нереални очекувања создадени од филмовите за возрасни. Во гостувањето во поткастот на Давина Мекол, основачката на платформата „MakeLoveNotPorn“ посочи дека сексуалниот однос станува поквалитетен кога луѓето ќе престанат да се водат според наметнати шаблони и отворено ќе разговараат за своите желби и потреби. Според Галоп, индустријата за возрасни кај многу луѓе создала искривена слика за интимноста. Таа прави разлика меѓу порнографската продукција и реалниот живот, нагласувајќи…

Прочитај Повеќе

Интимниот однос не е само прашање на техника, туку и на комуникација, внимание и разбирање на потребите на партнерот. Сепак, некои навики можат брзо да покажат недостаток на искуство или чувствителност кон другата личност. Од игнорирање на женското задоволство до губење интерес веднаш по односот, постојат однесувања кои кај многу жени создаваат впечаток дека партнерот не обрнува доволно внимание на нивните потреби. Еве пет најчести грешки кои можат да ја нарушат интимната атмосфера. Претерано брзо и нагло темпо Некои мажи веруваат дека интензитетот автоматски значи подобро искуство, но претерано брзите и нагли движења често можат да создадат непријатност наместо задоволство.…

Прочитај Повеќе

Едно дете го загуби животот, а најмалку пет лица се повредени во руските воздушни напади врз Киев и околината што се случија рано утринава, соопштија украинските власти. Според информациите, нападите предизвикале пожари во повеќе делови од градот, при што биле зафатени приватни куќи, како и објекти во близина на продавница и магацин. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку платформата „Телеграм“ информираше дека во градот биле регистрирани експлозии, а екипите на надлежните служби интервенирале на погодените локации. Началникот на Киевската област, Тимур Ткаченко, соопшти дека во нападот со ракети и беспилотни летала во регионот загинало дете, а тројца луѓе биле повредени.…

Прочитај Повеќе

Екипата на Еурофарм Пелистер не го започна новото издание на ЕХФ Европската лига според посакуваното. Битолчани пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ претрпеа убедлив пораз од шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со 24-31. Иако македонскиот вицешампион влезе во натпреварот како фаворит според очекувањата, гостите од Шпанија одиграа далеку подобар меч и заслужено стигнаа до победата. За Логроњо ова беше прва европска победа на гостување во Македонија, откако претходните настапи на шпански екипи во нашата земја против Алкалоид и Металург завршуваа со порази. Гостите уште од самиот почеток покажаа дека дошле по позитивен резултат. Со серија од 0-5 на стартот,…

Прочитај Повеќе