Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, шестмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Станува збор за Б.Р. (36) од тетовското село Слатино, З.С. (34) од Кичево, Д.Т. (40) од селото Миравци, гевгелиско, Е.Б. (24) од Скопје, како и двајца 17-годишни малолетници од Скопје.
Во Велес, пак, службен разговор во присуство на родител бил извршен со 14-годишник, кој бил затекнат како управува мопед без да има возачка дозвола.
Дополнително, полицијата ги лишила од слобода и В.К. (44) од Скопје и Н.С. (26) од Охрид, кои управувале моторни возила иако имале активна забрана за управување.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против лицата.
