Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, додека утринските часови ќе бидат ведри и студени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе се спушти до околу 3 степени, додека преку ден ќе достигне до 27 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилното и релативно топло време ќе се задржи и во следните неколку дена. До среда утрата ќе останат ведри…
Автор: K.
Во текот на денешниот ден на отворен простор низ државата биле регистрирани вкупно 46 пожари, од кои 16 сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека 29 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни огнени жаришта има во повеќе општини, а најголем дел од нив зафаќаат ниска вегетација, сува трева, стрништа и шумски површини. Пожари се активни во општините Врапчиште, Битола, Прилеп, Гевгелија, Дебар, Тетово, Чашка, Липково, Куманово, Студеничани, Сарај и Долнени. Под контрола е ставен пожарот во Општина Центар Жупа, кај селото Џепиште, каде гори сува трева и нискостеблеста шума. Во текот на денот…
Семејна расправија во скопската општина Гази Баба прераснала во физичка пресметка меѓу сопружници, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 3 октомври 2026 година околу 16:25 часот во СВР Скопје. Во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање поврзано со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 31-годишен маж и 33-годишна жена, двајцата од Скопје. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Првите прелиминарни резултати од општите избори во Босна и Херцеговина покажуваат нова слика на политичката сцена во земјата. По обработени околу 80 проценти од избирачките места, најголема предност во трките за трите места во Претседателството на БиХ имаат Денис Беќировиќ, Даријана Филиповиќ и Жељка Цвијановиќ. Резултатите сè уште се прелиминарни, а пребројувањето на гласовите продолжува. Во трката за бошњачки член на Претседателството, Денис Беќировиќ има освоено 164.369 гласа, додека зад него е лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, со 148.036 гласови. Доколку предноста остане и по конечната обработка, Беќировиќ ќе обезбеди нов мандат во тричленото Претседателство. Кај хрватскиот член на Претседателството…
Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Ѓорче Петров со победа го започна настапот во Лигата на Европа, откако на домашен терен ја совлада екипата на Мост од Чешка со 22:18. „Лавиците“ одиграа борбен натпревар во кој гостинскиот тим долго време одржуваше резултатска неизвесност, но решавачкиот период се покажа во последните 10 минути. Во завршницата македонските шампионки покажаа карактер и успеаја да направат клучна разлика, одлепувајќи се на 19:15, по што искусно ја зачуваа предноста до последниот свиреж. Победата од четири гола разлика е добра основа пред реваншот во Чешка, но не и резултат кој дозволува опуштање, бидејќи прашањето за патникот во…
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека во следните пет до 10 години би можеле да се појават нови реверзибилни контрацептивни методи за мажи, меѓу кои и гел кој се нанесува на кожата и привремено го намалува производството на сперматозоиди. Развојот на овие препарати има цел да ја промени досегашната распределба на одговорноста за контрацепцијата, која најчесто паѓа на жените. Додека жените имаат повеќе можности, како хормонски таблети, импланти или спирали, кај мажите изборот главно се сведува на употреба на кондоми или вазектомија, која е трајна процедура. „Во моментов се спроведуваат студии за различни хормонски и нехормонски методи на контрацепција за…
Бугарската претседателка Илијана Јотова порача дека европскиот пат на Македонија не може да се движи преку ултиматуми и политички условувања, туку преку дијалог и почитување на преземените обврски. Коментарот на Јотова доаѓа по барањето испратено од македонските власти за билатерална средба меѓу претставници на двете земји. Јотова, која присуствувала на одбележувањето на 114-годишнината од ослободувањето на Горна Џумаја во Благоевград, изјавила дека е умерен оптимист и дека ќе побара од бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова да го разгледа барањето за средба во Софија. Таа истакнала дека не ги знае деталите од разговорот меѓу претседателката на Европската комисија Урсула…
Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се откриваат секоја година во Македонија, а во моментов околу 7.000 жени се лекуваат или веќе поминале низ третман за ова заболување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ организиран од ХЕМА-ОНКО во Паркот кај Школка. На настанот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои испратија порака за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка. Клековски посочи дека навременото откривање е еден од клучните фактори за успешно лекување, но нагласи дека постојната скрининг програма за рак на дојка не ги…
Силното невреме што веќе неколку дена го зафаќа грчкиот остров Крит предизвика нови поплави во поширокото подрачје на Иерапетра, поради што грчката противпожарна служба превентивно евакуираше 47 туристи од хотели и апартмани во областите Ферма и Куцунари. Според грчките власти, обилните врнежи и понатаму создаваат сериозни проблеми, а поплавени се повеќе патишта во регионот. Преку системот за итни известувања 112 повторно беше испратен апел до граѓаните и туристите да го ограничат движењето и да ги следат упатствата на надлежните служби. Од противпожарната служба информираат дека евакуираните туристи се префрлени на безбедна локација и дека нема повредени или лица во животна…
Во текот на изминатите 24 часа, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Според Министерството за внатрешни работи, деветмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Меѓу нив се лица од Скопје, Битола, Велес, Градско и Делчево, како и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Полицијата привела и двајца возачи кои биле затекнати зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување, а истовремено биле под дејство на алкохол. Дополнително, уште…