Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Нов протест во Тирана: Демонстрантите повторно побараа оставка од Еди Рама
    Свет

    Нов протест во Тирана: Демонстрантите повторно побараа оставка од Еди Рама

    22/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Протестите против владата на албанскиот премиер Еди Рама продолжија и вчера во Тирана, каде стотици демонстранти маршираа низ улиците на главниот град и повторно побараа негова оставка, како и заминување на актуелната политичка елита.

    Во протестната поворка учествуваа студенти, граѓани и претставници на организации на граѓанското општество. Собирот започна пред Министерството за образование, по што демонстрантите се упатија кон булеварот „Хероите на нацијата“, во близина на зградата на Владата.

    Протестот во најголем дел помина мирно, без судири со полицијата, иако безбедносните сили беа распоредени во зголемен број, а на терен имаше и водени топови.

    Учесниците се движеа по улиците „Мине Пеза“, „Каваја“ и „Мислим Шири“, а накратко застанаа и пред полициска станица. Подоцна, на улицата „Драч“ привремено го блокираа сообраќајот, по што полицијата формираше кордон за да спречи подолготрајна блокада.

    За време на протестот беше запален и оган, додека демонстрациите продолжија под засилено полициско обезбедување.

    Демонстрантите порачаа дека нема да се откажат од своите барања и истакнаа дека оставката на премиерот Еди Рама не е прашање за преговори. Тие повторно побараа подобри услови за живот и повеќе можности младите да ја градат својата иднина во Албанија.

    Протестите продолжуваат и покрај повиците на Рама за дијалог. Албанскиот премиер неодамна разговараше со дел од младите демонстранти и изјави дека е подготвен за разговор со студентите, но не и со оние кои за време на протестите користат насилни методи, како што е фрлање камења.

    Поврзани вести:

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    21/11/2026

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    20/11/2026

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.