Американската крајбрежна стража потврди дека во Атлантскиот Океан се пронајдени пловечки остатоци од медицинскиот авион кој исчезна рано во саботата во водите кај островот Нантакет, во близина на брегот на Масачусетс. Екипите од бродот на крајбрежната стража „Вилијам Спарлинг“, кој е стациониран во Бостон, пристигнале на местото и започнале со пребарување на остатоците со цел да се идентификуваат делови од леталото. Станува збор за авион „Галфстрим Г100“ кој извршувал медицински транспортен лет од меѓународниот аеродром „Л.Ф. Вејд“ на Бермудите кон аеродромот „Логан“ во Бостон. Леталото исчезнало од радарот на Федералната управа за авијација (ФАА) непосредно пред планираното слетување околу 1:25…
Автор: K.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја поддржа изградбата и развојот на дата центрите, оценувајќи дека тие се клучни за глобалната конкуренција во областа на вештачката интелигенција. Трамп предупреди дека ограничувањето на технолошките инвестиции во САД може да ѝ овозможи на Кина да ја преземе водечката позиција во развојот на новите технологии. „Толку многу пари можат да се заработат за Охајо. Не можете едноставно да ги исклучите. Тие ќе одат во Кина“, изјави Трамп на предизборен собир во Вандалија, во сојузната држава Охајо. Темата за изградбата на дата центри стана едно од клучните прашања во политичките дебати во Охајо, каде што…
Комесарот на Министерството за затвори во американската сојузна држава Тенеси, Френк Страда, ќе поднесе оставка по неуспешното извршување на смртна казна, при кое осудена затвореничка останала жива и била пренесена во болница во критична состојба. Оставката ја објави гувернерот на Тенеси, Бил Ли, кој истовремено најави дека сите понатамошни егзекуции во државата ќе бидат суспендирани до крајот на годината, додека трае независна ревизија на процедурите. Криста Пајк (50) требало да биде погубена со смртоносна инјекција, но постапката не завршила според планот. Според сведоци кои ја следеле егзекуцијата, таа по добивањето на инјекцијата останала жива повеќе од еден час, а биле…
ВМРО-ДПМНЕ побара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да ги објасни наводите што ги изнел во јавноста за можни злоупотреби поврзани со набавката на хеликоптери и договор вреден милиони евра. Од владејачката партија велат дека Филипче отворил сомнежи поврзани со поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и со договор за кој, според нив, постоела разлика од 37 милиони евра. „Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат од кога Филипче ги поседува информациите, со какви документи располага и кој го потпишал спорниот…
СДСМ денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценувајќи дека пораките од Брисел ги потврдиле ставовите на опозицијата. Од партијата велат дека Мицкоски ја оценил средбата како клучна, но истовремено изразил незадоволство од пораките поврзани со уставните измени. „Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик“, наведуваат од СДСМ. Според опозициската партија, токму прашањата за македонскиот јазик, култура и идентитет биле дел од политичките пораки што Мицкоски претходно ги претставувал како спорни. Од…
Скопје денеска ќе биде домаќин на најмасовното издание на Виз Ер Скопскиот маратон досега. На 22. издание на оваа спортска манифестација ќе настапат рекордни 15.050 тркачи од 63 земји, меѓу кои и голем број елитни атлетичари кои ќе се натпреваруваат за највисок пласман. Покрај домашните учесници, најбројни се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција. Годинава повторно ќе се одржат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на пет километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка. Во главната маратонска трка ќе настапат околу 800 атлетичари, а меѓу македонските претставници најголем фаворит е минатогодишниот победник…
Брчките се неизбежен дел од процесот на стареење, но тоа не значи дека нивната појава не може да се забави. Со правилна нега, заштита од сонце и здрави животни навики, кожата може подолго да остане еластична, хидрирана и со свеж изглед. Дерматологот д-р Ширин Тејмур нагласува дека брчките се сосема природна појава и не треба да се доживуваат како нешто негативно. „Појавата на брчки не значи дека сте направиле нешто погрешно или дека одеднаш изгледате старо“, вели таа. Според дерматолозите, најдобри резултати се постигнуваат со комбинација од превенција, правилна нега и здрав начин на живот. Внатрешно и надворешно стареење Дерматологот…
Најмалку пет Палестинци, меѓу кои четири жени, загинаа во израелски воздушен напад врз станбена зграда во населбата Римал, во западниот дел на градот Газа. Според болницата „Ал-Шифа“ и палестинската цивилна одбрана, нападот бил извршен во текот на ноќта, а спасувачките екипи продолжиле со потрагата по лица затрупани под урнатините. Израелската армија потврди дека извела операција во Појасот Газа, наведувајќи дека цел на нападот бил Али ал-Амуди, заменик-претседател на политичкото биро на Хамас во Газа. Според ИДФ, ал-Амуди бил близок со поранешниот лидер на Хамас, Јахја Синвар, учествувал во носењето клучни одлуки и имал важна улога во обновувањето на капацитетите на…
Еден член на екипажот го загуби животот, а тројца морнари се повредени во напад врз товарен брод во Одеската област, соопшти украинската Управа за морски пристаништа. Бродот пловел под знамето на Либерија, а по нападот преостанатите 13 членови на екипажот биле безбедно евакуирани. Украинските власти засега не го соопштија идентитетот, ниту националноста на загинатиот и повредените. Киев го осуди нападот, оценувајќи дека станува збор за нов удар врз цивилната пловидба и трговскиот сообраќај во Црното Море. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека погодило товарен брод, тврдејќи дека превезувал воени материјали. За ова тврдење засега нема независна потврда. Нападот…
Утрото ќе започне со ведро и студено време, а во дел од земјата минималните температури повторно ќе се спуштат под нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, проследено со слаб ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 20 и 28 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од северен правец.