Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека води селективна борба против криминалот и дека ги користи антикорупциските наративи за пресметка со внатрепартиски неистомисленици. Петрушевски се осврна на актуелните обвинувања за скандал тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана од времето кога министерка беше Славјанка Петровска, која сега е дел од платформата „12.05“ за реформи во СДС: – Венко Филипче и талогот од СДС зборуваат само за ЕУ и нашето пристапување во ЕУ по секоја цена. Во оваа прилика им укажуваме дека еден од главните услови за ЕУ е токму борбата…
Автор: K.
Полициски службеници од СВР Тетово привеле 20-годишен жител на селото Палатица, откако при преглед кај него биле пронајдени 15 пакувања со марихуана. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил регистриран на 5 октомври околу полноќ, кога припадници на Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н., поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени и одземени 15 пакувања со марихуана. Ф.Н. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична…
Граѓаните на Македонија и странските државјани во првите шест месеци од годинава потрошиле речиси 1,6 милијарди евра на игри на среќа, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Најголем дел од средствата биле насочени кон електронски апарати за игри на среќа, додека значаен удел и понатаму имаат казината и обложувалниците. Високите бројки покажуваат дека овој сектор останува еден од финансиски најмоќните, и покрај мерките што се преземаат за ограничување на близината на објектите за игри на среќа до училиштата и другите образовни установи. Од приредувачите на игри на среќа реагираат дека дислоцирањето на објектите нема да го реши проблемот со…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на новата детска градинка во Општина Теарце. Новата градинка „Фолеја“, која се наоѓа во село Пршовце, ќе биде пуштена во употреба на настан на кој ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши. По повод отворањето, премиерот Мицкоски е предвидено да даде изјава за медиумите.
САД ги повлекоа сите свои стратешки бомбардери Б-1 од британската воздухопловна база „Ферфорд“, една недела откако беа уапсени неколку лица под сомнение за подготовка на терористички напади поврзани со објектот. Во базата на британските Кралски воздухопловни сили, која се наоѓа северозападно од Лондон, претходно беа распоредени 12 американски бомбардери Б-1. Авионите беа користени и во американските воени операции против Иран. Од Пентагон потврдија дека леталата се вратени во матичните бази во САД. „Иако оперативната безбедност не ни дозволуваше во реално време да го потврдиме преместувањето на нашите сили и опрема, сега можеме да потврдиме дека сите американски бомбардери распоредени во…
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи средба со поранешни претседатели на законодавниот дом. Поранешните собраниски спикери ќе го посетат Собранието, каде што средбата со Гаши е закажана за 13 часот во Охридската сала. На средбата се очекува да бидат разменети искуства и ставови поврзани со работата и функционирањето на највисокиот законодавен орган.
Дел од жителите и корисниците во Општина Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички активности на електроенергетската мрежа. Според информациите од Центарот за управување со кризи, прекинот во снабдувањето е поврзан со зафати што ги спроведува ЕВН Македонија. Поради овие активности, без електрична енергија ќе остане и објектот на компанијата „Support Solution“ во населбата Ќојлија. Прекинот е поврзан со пуштањето во употреба на новата трафостаница на „Топбилд“, со што се вршат неопходни интервенции на мрежата.
Стотици училишта низ Франција денеска нема да работат целосно или делумно поради ученичките протести што веќе неколку недели ја потресуваат земјата. Францускиот министер за образование Едуар Жефре соопшти дека наставата ќе биде прекината во меѓу 400 и 500 училишта, бидејќи не се исполнети потребните безбедносни услови за непречено одвивање на образовниот процес. Според него, од почетокот на протестите досега биле запалени или ограбени 24 училишта. Незадоволните средношколци тврдат дека образованието е сериозно нарушено поради честото отсуство на наставници, предолгата учебна година и лошата состојба на училишните објекти. Протестите започнаа на 17 септември во едно училиште во Париз, а потоа брзо…
Македонската поетеса и писателка Билјана С. Црвенковска ќе биде специјална гостинка на 36. издание на културната манифестација „Денови на македонската поезија во Шведска“, која денеска ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг. Настанот традиционално го организира Македонскиот сојуз во Шведска и секоја година претставува место за средба на македонските автори и љубителите на литературата што живеат во оваа скандинавска земја. Во рамки на програмата ќе настапат дваесетина поети со македонско потекло кои живеат и создаваат во Шведска, како и автори од други националности, меѓу кои и членови на Писателскиот центар во западна Шведска. Посебен дел од манифестацијата ќе биде…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад поднесе оставка, која претседателот Масуд Пезешкијан ја прифати во период кога земјата се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор и засилен меѓународен притисок. Од кабинетот на иранскиот претседател соопштија дека за привремен министер за нафта е именуван Хамид Бовард, актуелен извршен директор на Националната иранска нафтена компанија. Според официјалното соопштение, Пакнеџад оставката ја поднел од лични причини. Таа првично не била прифатена, но по неговото повторно инсистирање претседателот одлучил да ја одобри. Промената на челната позиција во Министерството за нафта доаѓа во време кога Соединетите Американски Држави воведуваат поморска блокада на иранските пристаништа,…