Грејната сезона 2026/2027 за корисниците приклучени на системот за централно греење во Скопје официјално започнува на 15 октомври, соопшти АД ЕСМ. Сепак, согласно важечката регулатива, испораката на топлинска енергија може да започне и во периодот од 1 до 15 октомври доколку прогнозата за средната дневна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12 Целзиусови степени или пониско. Одлуката се носи врз основа на прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. До официјалниот почеток на сезоната, ЕСМ Снабдување секојдневно ќе информира дали се исполнети условите за почеток на испораката на топлинска енергија, во согласност со одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни…
Автор: K.
Британската велосипедистка и олимписка шампионка Кејти Марчант објави дека ја завршува професионалната кариера, иако неодамна ги постигна најголемите успеси во спортот. Триесет и тригодишната Марчант зад себе остава богата кариера исполнета со медали. По бронзата во спринт на Олимписките игри во Рио во 2016 година, таа во 2024 година ја освои европската, светската и олимписката титула во тимски спринт, комплетирајќи една од најуспешните сезони во кариерата. Иако првично планирала да настапува до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, на крајот решила дека повеќе не сака да ги прави жртвите што ги бара врвниот спорт. „Постигнав повеќе отколку што…
Португалската фудбалска федерација прави напори да ја надмине кризата што настана по заминувањето на Кристијано Роналдо од националниот тим, а претседателот Педро Проенса порача дека станува збор за „недоразбирање“ кое треба да биде надминато. Иако во јавноста се појавија шпекулации дека 41-годишниот капитен би можел да стави крај на репрезентативната кариера, Проенса нагласи дека Роналдо останува важен дел од националниот тим. „Кристијано Роналдо е еден од најголемите симболи на португалскиот фудбал и заслужува почит. Тој е во репрезентацијата благодарение на своите спортски достигнувања и ќе биде дел од тимот сè додека може да придонесува на теренот“, изјави Проенса. Тој најави…
Младата борачка на БК „Балканец“ – Штип ја совлада Софие Гоноровски од Израел со 8:0 и се искачи на пиедесталот во категоријата до 53 килограми. Кога зад еден резултат стојат години работа, одрекувања и истрајност, освоениот медал има посебна тежина. Токму таков е бронзениот медал на 17-годишната Бојана Ковачова, која оствари одличен резултат на Балканското првенство во борење во Копривница, Хрватска. Членката на БК „Балканец“ – Штип го освои третото место во категоријата до 53 килограми, У17, со што уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена. За Бојана, ова е уште еден значаен чекор во нејзината спортска кариера,…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Крива Паланка поради сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 јули годинава осомничените со употреба на физичка сила и алат насилно влегле во службени простории на подружница на правен субјект од Скопје во Крива Паланка. При тоа, од објектот одзеле пари од дневниот промет, со што предизвикале материјална штета. По преземените мерки и документирањето на случајот, против двајцата малолетници е поднесена соодветна кривична пријава.
Управата за финансиска полиција денеска спроведува координирана акција на повеќе локации, во рамки на предистражна постапка за сомнежи за финансиски криминал и проневера на буџетски средства во вредност од речиси 80 милиони денари. Како што информираат надлежните, по наредби на судија на претходна постапка, а под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, овластени службени лица вршат претреси на домови и лица на повеќе адреси. Предистражната постапка е насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал, при што постојат основи на сомнение дека службени лица стекнале противправна имотна корист од големи размери, а…
По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, Град Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром им оддадоа признание на најуспешните наставници од основните училишта, наградувајќи ја нивната посветеност, професионалност и придонес во образованието. На свеченоста организирана од Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им врачи признанија на наставници кои во изминатата година се истакнале со својата работа, професионален развој и постигнати резултати. Тој истакна дека учителите оставаат трајна трага во животот на секој ученик, нагласувајќи дека нивната посветеност и знаење претставуваат инспирација за младите генерации и основа за нивниот понатамошен успех. Во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска им…
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, ќе имаат можност да одржат билатерална средба во Софија во четврток, во рамки на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8. Според информациите што ги објавуваат бугарските медиуми, конференцијата ќе се одржи на 8 октомври, а домаќин на настанот ќе биде бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. На форумот е најавено и учество на македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во рамки на конференцијата е предвидена и билатерална средба меѓу двајцата министри, како дел од тековниот дијалог меѓу Скопје и Софија. Премиерот…
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли тврдењата дека бил незадоволен од средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценувајќи дека таквите информации не одговараат на вистината. Според Мицкоски, ваквите тврдења доаѓаат од опозицијата и од, како што рече, медиуми блиски до неа, кои ја искривуваат сликата за разговорите што се одржале. Тој нагласи дека средбата ја оценил како исклучително квалитетна, содржајна и пријателска, додавајќи дека посветеноста на Европската Унија кон европската перспектива на Македонија претставува дополнителен мотив за продолжување на реформскиот процес. „Имавме исклучително квалитетен, содржаен и пријателски состанок. Сето она што претставува посветеност на Европската Унија нè…
Две и пол години власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ донеле пад на економијата, влошување на животниот стандард, нови задолжувања и блокиран европски пат, обвини денеска СДСМ. Од опозициската партија велат дека додека, според нив, милиони евра завршуваат во партиски тендери и сомнителни зделки, граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци и намалена куповна моќ. „За диџеј 5,53 милиони евра, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата и рудата“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја власта дека економските политики ги води во интерес на поединци и бизнис структури. Од партијата посочуваат и на енергетскиот сектор, каде што, како…