Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Притвор за кумановец кој се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
    Хроника

    Притвор за кумановец кој се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката

    21/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Куманово побара определување притвор за 54-годишен маж осомничен дека се заканувал оти ќе ги запали својата ќерка и внука, а потоа истурил две шишиња бензин во семејниот дом.

    Против него е поведена постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“, по кривична пријава од СВР Куманово. Од Обвинителството информираат дека станува збор за лице кое веќе е опфатено во судска постапка за телесна повреда на ќерката при семејно насилство.

    Според надлежните, насилничкото однесување на осомничениот се повторува, а претходниот напад врз неговата ќерка, за кој веќе е обвинет, бил извршен под дејство на алкохол.

    Од Обвинителството посочуваат дека овојпат не станувало збор само за вербални закани, туку и за конкретни дејствија што укажуваат на сериозен ризик.

    „Осомничениот не само што упатил закани дека ќе ги запали ќерката и внуката, туку истурил и две шишиња бензин во домот“, наведуваат од Обвинителството.

    По пријавувањето на случајот била извршена итна проценка на ризик, при што било утврдено дека постои сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите на нејзиното семејство.

    Обвинителството оценува дека постои реален ризик од повторување на насилството, но и опасност осомничениот да го реализира заканувањето и да изврши потешко кривично дело.

    Поради овие околности, јавниот обвинител смета дека другите мерки не би биле доволни за обезбедување на целта на постапката и до судот доставил предлог за определување притвор.

    Поврзани вести:

    Девет возачи приведени за безобѕирно управување, дел возеле без дозвола и пијани

    Девет возачи приведени за безобѕирно управување, дел возеле без дозвола и пијани

    Жена од Турција почина во стан во Аеродром, телото дадено на обдукција

    Жена од Турција почина во стан во Аеродром, телото дадено на обдукција

    Драма во Чаир: Скопјанец осомничен дека го запалил возилото на мајка му и ѝ се заканувал за станот

    Драма во Чаир: Скопјанец осомничен дека го запалил возилото на мајка му и ѝ се заканувал за станот

    Гостиварец заработи кривична пријава: Осомничен дека му се заканувал на новинар додека работел

    Гостиварец заработи кривична пријава: Осомничен дека му се заканувал на новинар додека работел

    Сопственик на локал во Гостиварско пријавен: Ги спречувал полицајците и им помогнал на танчерките да избегаат

    Сопственик на локал во Гостиварско пријавен: Ги спречувал полицајците и им помогнал на танчерките да избегаат

    Скопјанец уапсен по пријава за вознемирување на 23-годишна жена

    Скопјанец уапсен по пријава за вознемирување на 23-годишна жена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Девет возачи приведени за безобѕирно управување, дел возеле без дозвола и пијани

    21/11/2026

    Жена од Турција почина во стан во Аеродром, телото дадено на обдукција

    20/11/2026

    Драма во Чаир: Скопјанец осомничен дека го запалил возилото на мајка му и ѝ се заканувал за станот

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.